РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Хасани: „Моќна и развиена Туркије е клучен фактор за безбедноста“
Хасани се сретна со својот турски колега Хакан Фидан, по што одржаа заедничка прес-конференција, на која истакна дека моќна и развиена Туркије е клучен фактор за безбедноста во регионот, Европа и пошироко
Хасани: „Моќна и развиена Туркије е клучен фактор за безбедноста“
Хасани: „Моќна и развиена Туркије е клучен фактор за безбедноста“ / Photo: AA
27 февруари 2025

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, престојува во официјална посета на Туркије. Хасани се сретна со својот турски колега Хакан Фидан, по што одржаа заедничка прес-конференција, на која истакна дека моќна и развиена Туркије е клучен фактор за безбедноста во регионот, Европа и пошироко, известува Анадолу.

Министерот Хасани истакна дека духот на пријателство и долга и плодна соработка ги карактеризира односите меѓу двете земји.

Тој им се заблагодари на Туркије и на претседателот Реџеп Таип Ердоган за помошта и поддршката што ја дадоа за изградбата на џамијата Намазѓа во Тирана, која е скапоцен подарок.

„Една од клучните теми за кои разговаравме беше соработката на економско и трговско поле. Туркије е еден од главните инвеститори во Албанија. Над 15.000 Албанци се вработени во околу 1.000 турски компании кои работат во Албанија. Наше мислење е дека трговската размена меѓу двете земји сè уште не го одразува нашиот целосен потенцијал. Нашата заедничка амбиција е да го зголемиме обемот на трговска размена со Туркије на 2 милијарди долари што е можно поскоро“, посочи Хасани.

Шефот на албанската дипломатија изјави дека Туркије постигнала извонредни трансформации во туризмот и има развиено извонредни капацитети.

„Заедно разговаравме и за динамиката на регионалната соработка. Не можам да не ја споменам високата политичка и дипломатска посветеност на Туркије, особено поддршката дадена за признавањето на Косово на меѓународната сцена и континуираните напори за нејзино членство во меѓународните и регионалните организации“, рече Хасани.

Зборувајќи за руско-украинската војна, Хасани истакна:

„Ја констатиравме потребата од зголемување и зајакнување на нашата билатерална соработка со Туркије, со европските партнери, но и во рамките на НАТО, за подобро соочување со безбедносните предизвици во сите димензии“.

Нагласувајќи дека разговарале и за случувањата на Блискиот Исток, шефот на албанската дипломатија рече: „Албанија го поддржува решението со две држави во крвавиот израелско-палестински конфликт. Го поздравуваме договорот за прекин на огнот“.

Осврнувајќи се на состојбата во повоена Сирија, министерот Хасани рече:

„Ја поздравувам улогата што Туркије ја игра во создавањето трајни простори за дијалог и компромис како средство за постигнување траен мир во Сирија. Моќната и развиена Туркије е клучен фактор за безбедноста во нашиот регион, на европскиот континент и пошироко.“

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us