Балкански рис: Единствената голема дива мачка во Европа
РЕГИОН
3 мин читање
Балкански рис: Единствената голема дива мачка во ЕвропаМеѓународниот ден на рисот секоја година се одбележува на 11 јуни. Тоа е најголемата дива мачка во Европа, трет предатор по големина, по кафеавата мечка и волкот.
Балкански рис: Единствената голема дива мачка во Европа / AA
11 јуни 2025

На македонската петденарка гордо стои балканскиот рис. Единствената голема дива мачка во Европа. Иако секојдневно овие парички ни се шетаат низ џебовите, балканските рисови во природата се загрозен вид.

Според еколошките друштва, на Балканот има помалку од 50 единки на рисот, а две третини се распространети низ македонските планини.Може да се сретне и во Косово, Црна Гора и Албанија. 

Во 2010 беше заловен првиот жив примерок на балкански рис. Марко беше следен со ГПС околувратник. 

Нивното движење, лов за исхрана и парење се индикатори како најдобро да се заштити овој критично загрозен вид. Секако, човекот е најголемата закана за опстанокот на рисот. 

Поголема заштита на балканскиот рис

Она што влева надеж кога е во прашање заштитата на балканскиот рис е фактот дека во февруари минатата година на Конференцијата на Бонската конвенција во Узбекистан евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови, истакна тогаш Диме Меловски од Македонското еколошко друштво (МЕД). 

Тогаш Меловски го образложи поднесокот за вметнување на балканскиот рис во Бонската конвенција.

„Што се однесува до балканскиот рис, со поддршката на владите на Македонија и Албанија сега може да преземеме понатамошни важни чекори за заштита на загрозената популација.“

Со вклучувањето на балканскиот рис на Бонската конвенција, владите од земјите се заложуваат да создадат најдобри можни услови за зачувување на балканскиот рис. Ова, меѓу другото, подразбира и развој на регионална стратегија за заштита на загрозениот подвид и нејзино преточување во национални акциски планови. Со ова ќе се овозможат прекугранични заштитарски активности, како што е мониторинг на балканскиот рис.

Недостиг на поволни и поврзани живеалишта за балканскиот рис

Балканскиот рис: Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) претставува подвид на евроазискиот рис (Lynx lynx). Нешто помалку од 50 возрасни единки талкаат низ планинските шуми на Јужен Балкан.

Балканскиот рис се соочува со недостиг на поволни и поврзани живеалишта поради прекумерната експлоатација на шумите. Ова резултира и со намалена достапност на пленот. Дополнителна отежнителна околност е криволовот на веќе намалената дива популација на пленот. Згора на тоа, и самиот рис е жртва на криволов поради ловот на трофеи или погрешната перцепција дека убива стока.

Сите партнерски организации од Програмата за закрепнување на балканскиот рис (Еуронатур од Германија, КОРА од Швајцарија, МЕД од Македонија, ППНЕА од Албанија и ЕРА од Косово) се залагаат да ги прошират и споделат сознанијата за рисот, да остварат ефективна заштита на оваа таинствена мачка и да ги зачуваат нејзините живеалишта.

Меѓународниот ден на рисот секоја година се одбележува на 11 јуни. Тоа е најголемата дива мачка во Европа, трет предатор по големина, по кафеавата мечка и волкот. Се проценува дека се останати уште околу 9.000 примероци. Најголемиот број живеат во шумите на централна и северна Европа, и тоа: во Финска, Норвешка, Шведска, Словачка, Полска, Романија, Чешка и други земји. Помали популации од стотина рисови има во Франција, Германија, како и на Балканот.

ИЗВОР:TRT Balkan MK
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us