ЈуТјуб ја укинува страницата „Трендинг“
Платформата ЈуТјуб објави дека по десет години ќе ја укине страницата „Во тренд“ и листата „Сега во тренд“ и ќе ги замени со листи по категории кои ќе бидат дел од ЈуТјуб Табели
ЈуТјуб ја укинува страницата „Трендинг“
Најавените промени на глобално ниво ќе стапат на сила во текот на следните неколку недели / Reuters
14 јули 2025

Платформата ЈуТјуб објави дека по десет години ќе ја укине страницата „Во тренд“ (Trending) и листата „Сега во тренд“ (Trending Now) и ќе ги замени со листи по категории кои ќе бидат дел од ЈуТјуб Табели (Charts).

Оваа промена означува крај на единствената листа на најпопуларните видеа и премин кон прикажување на најгледаната содржина во специфични области како што се музика, подкасти и трејлери за филмови, објавува ТехКранч (TechCrunch).

„Трендовите денес се откриваат поинаку отколку во 2015 година кога беше лансирана страницата. Веќе нема само едно вирално видео - сега има илјадници микротрендови кои обликуваат различни заедници“, се наведува во официјалното соопштение на компанијата.

Посетите на страницата „Trending“ се намалуваат веќе пет години, според ЈуТјуб, бидејќи корисниците сè повеќе откриваат нови клипови преку коментари, пребарување или почетната страница.

Најавените промени на глобално ниво ќе стапат на сила во текот на следните неколку недели, додава компанијата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us