Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вечерва се сретна со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во Хаг, каде што присуствуваше на Самитот на шефовите на држави и влади на НАТО.
За време на состанокот, беа разгледани билатералните односи меѓу Туркије и САД, како и регионалните и глобалните прашања.
Претседателот Ердоган за време на состанокот изјави дека двете земји имаат значаен потенцијал во различни области, особено во енергетиката и инвестициите, и дека унапредувањето на соработката во одбранбената индустрија ќе го олесни постигнувањето на целта за трговска размена од 100 милијарди долари.
„Нашиот претседател го изрази своето задоволство од постигнатиот прекин на огнот меѓу Израел и Иран преку напорите на претседателот Трамп, надевајќи се дека ќе биде траен, и ја нагласи важноста на тесниот дијалог за што поскоро завршување на хуманитарната трагедија во Газа и за мирно решавање на војната меѓу Русија и Украина“, соопшти Дирекција за комуникации на Претседателството на Република Туркије.
Двајцата лидери, како водечки сојузници на НАТО, ја истакнаа важноста на чекорите што треба да се преземат за зајакнување на моќта на одвраќање на Алијансата.