ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Продолжува борбата со пожарите на југ и запад од Туркије- 342 пожари од петок
Министерот за земјоделство и шумарство на Туркије, Ибрахим Јумакли, апелираше до граѓаните да покажат поголема општествена одговорност во спречувањето на пожари
Продолжува борбата со пожарите на југ и запад од Туркије- 342 пожари од петок
Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, вчера објави дека повеќе од 50.000 граѓани се евакуирани во областите Измир, Билеџик и Хатај / AA
пред 17 часа

Пожарникарите во Туркије продолжуваат да вложуваат огромни напори за да ги стават под контрола шумските пожари што зафатија неколку региони на југ и запад од земјата, а ситуацијата во моментов е најтешка во покраината Хатај.

Министерот за земјоделство и шумарство на Туркије, Ибрахим Јумакли, апелираше до граѓаните да покажат поголема општествена одговорност во спречувањето на пожари.

Од петок, дури 342 пожари се регистрирани низ цела Туркије, а шест големи се моментално активни во областите Акхисар, Кула и Ахметли во покраината Маниси, потоа во областите Сеферихисар и Мендерес во Измир и во областа Антакија во Хатај.

Според министерот Јумакли, ситуацијата на опожарените места во Измир и Маниса е значително подобрена.

„Во Сеферихисар и Мендерес, значително ги потиснавме пожарите. Во Маниса, особено во Акхисар и Кула, ситуацијата е многу подобра од вчера. Се надеваме на добри вести и од тие локации. Ахметли беше предизвикувачки поради тешкиот терен со кањони и карпи, но нашите тимови успеаја значително да го намалат обемот на пожарот во текот на ноќта“,

Јумакли истакна дека пилотите покажале голема храброст, пркосејќи им на ветерот и тешките услови за гаснење пожари во Антакија, Хатај, каде што пожарот брзо се проширил поради силниот ветер.

Борбата во Хатај сè уште трае и дополнителни противпожарни екипи од други делови на Туркије се на пат кон местото на пожарот.

Гувернерот на Хатај, Мустафа Масатли, исто така рече дека ситуацијата на местото на пожарот е тешка, но дека надлежните служби работат на терен и вложуваат натчовечки напори во гаснењето на пожарот.

Турските власти ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни и да се однесуваат одговорно, нагласувајќи дека превенцијата е клучна во борбата против сè почестите шумски пожари.

Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, вчера објави дека повеќе од 50.000 граѓани се привремено однесени во безбедни зони поради шумските пожари во областите Измир, Билеџик и Хатај.

Јерликаја на социјалните мрежи изјави дека, според првите наоди, во Билеџик се оштетени 64 станбени згради, три деловни простории и 20 амбари, а во Измир 132 станбени згради и еден деловен комплекс.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us