ПОЛИТИКА
2 мин читање
Ердоган гo поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, повика на почитување на примирјето
Туркије решително ќе го задржи својот принципиелен став што го почитува меѓународното право и ја има дипломатијата како приоритет, рече Ердоган на аеродромот во Анкара пред неговата посета на Холандија за самитот на НАТО
Ердоган гo поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, повика на почитување на примирјето
Тој, исто така, рече дека што е можно поскоро мора да се воспостави траен прекин на огнот во Газа / AA
24 јуни 2025

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги поздрави извештаите за договорот за прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, повикувајќи ги двете страни целосно да го почитуваат примирјето.

„Туркије решително ќе го задржи својот принципиелен став што го почитува меѓународното право и ја има дипломатијата како приоритет“, рече Реџеп Таип Ердоган на аеродромот во Анкара пред неговата посета на Холандија за самитот на НАТО, осврнувајќи се на конфликтот меѓу Израел и Иран.

„Aпсолутно се неприфатливи несовесните постапки на Израел - почнувајќи од Палестина и продолжувајќи до Либан, Сирија, Јемен и на крајот до Иран“, рече турскиот претседател.

Ердоган нагласи дека регионот не може да го носи товарот на војната меѓу Израел и Иран и повика на давање шанса на дипломатијата за да се спречи понатамошна ескалација.

Тој, исто така, рече дека што е можно поскоро мора да се воспостави траен прекин на огнот во Газа, дека израелските напади треба да престанат и дека хуманитарната помош треба да биде дозволена без прекин.

„Глобалните актери мора да преземат ефикасни чекори за да стават крај на ова лудило, или нема да биде само нашиот регион, туку целиот свет тој што ќе ја плати цената“, рече Ердоган во врска со конфликтот на Блискиот Исток.

„Во меѓувреме, во НАТО, Туркије се залага за фер распределба на товарот и зајакнување на европската безбедност“, истакна тој.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us