Туркије ги отфрла сите изјави и тврдења што го негираат геноцидот во Сребреница или ги величат воените злосторници и покрај пресудите на меѓународните судови, истакна во видео порака денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница во 1995 година, во кој над 8.000 Бошњаци ги загубија своите животи.
Ердоган, исто така, повтори дека Анкара продолжува безусловно да го поддржува територијалниот интегритет, суверенитетот и уставниот поредок на Босна и Херцеговина.
Зборувајќи за континуираните израелски напади врз Газа, Ердоган рече дека меѓународната заедница со децении молчи за Сребреница, а денес рамнодушно го гледа угнетувањето што се случува во Палестина.
Ердоган рече дека израелската влада порано или подоцна ќе биде одговорна пред законот и историјата за геноцидот на речиси 58.000 Палестинци.