Група терористи на ПКК го положија своето оружје и го уништија во северната ирачка покраина Сулејманија.
Групата терористи на ПКК се собрала во пештера во границите на подокругот Сурдас во Сулејманија, излегла со своето оружје, а потоа се упатила кон место подготвено за процесот на разоружување.
Групата од 30 терористи на ПКК, меѓу кои и 15 жени, го уништи своето оружје фрлајќи го во голем запален котел.
На местото, висок функционер на терористичката група прочита порака на турски и курдски јазик.
На местото на настанот, за да го проследат процесот, присуствуваа претставници од Националната разузнавачка организација на Туркије, ирачки претставници, безбедносните сили и претставници од Курдската регионална влада на Ирак, членови на Турската народнодемократска партија, како и учесници од некои невладини организации и претставници на медиумите.
Во мај, терористичката група ПКК одлучи да се распушти и да го положи оружјето. Соопштението следеше по изјавата од февруари на затворениот водач на ПКК, Абдула Оџалан, кој повика на распуштање на ПКК и нејзините придружни групи, повикувајќи на прекин на вооружената кампања што трае повеќе од четири децении.
Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК - која е наведена како терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца, бебиња и стари лица.
Терористите на ПКК го користат северен Ирак, во близина на турската граница, за да се кријат и да планираат напади врз Туркије.