Во преостанатите два меча од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, Барселона во средата славеше убедлива победа на домашен терен со 4:0 против Борусија Дортмунд, додека Пари Сен Жермен забележа минимална, но важна победа против Астон Вила (3:1).
На Олимпискиот стадион во Барселона домашната екипа доминираше во текот на целиот натпревар. Притисокот од Каталонците вроди со плод во 26. минута кога Кубарси ја зафати топката по гужва во шеснаесетникот, а Рафиња ја допре пред таа да заврши во мрежата за 1:0.
Продолжението од мечот доносе дополнителна офанзива на домаќините - меѓу стрелците се запиша Роберт Левандовски во 48. минута, а својот втор гол го постигна во 66. минута за убедливи 3:0. Конечниот резултат го постави Ламине Јамал во 77. минута со што на Барселона и обезбеди огромна предност пред реваншот.
Борусија Дортмунд имаше неколку прилики, но не успеа сериозно да и се закани на супериорната Барселона.
Во вториот меч од вечерта, Пари Сен Жермен беше домаќин на Астон Вила и победи со 3:1. Гостите поведоа во 35. минута преку Роџерс, но англиската радост кратко траеше – израмнувачкиот гол го постигна Дуе во 39. минута.
Французите дојдоа во водство на стартот на вториот дел во 49. минута кога Кварацхелија погоди за пресврт и 2:1 во корист на францускиот шампион.
Тоа беше речиси единственото големо возбудување во вториот дел до втората минута од судиското надополнување кога соло пробивот на Португалецот Нуно Мендеш му донесе трет гол на ПСЖ и значително водство пред реваншот во Бирмингем на 15-ти април.