РЕГИОН
2 мин читање
Неуспешен и 40-от обид за конституирање на Собранието на Косово
Седницата се одржа во сенка на неодамнешната пресуда на Уставниот суд на Косово, со која на пратениците им се наложува да го изберат раководството на Собранието во рок од максимум 30 дена
Неуспешен и 40-от обид за конституирање на Собранието на Косово
Врз основа на резултатите од изборите на 9 февруари, ниту една партија нема доволно мандат самостојно да формира влада / AA
пред 15 часа

Конститутивната седница на Собранието на Косово во вторник беше прекината по 40-ти пат, бидејќи предлогот на Движењето Самоопределување гласањето за избор на претседател на Собранието да биде тајно не беше прифатен, а продолжението е закажано за четврток.

„За предлогот гласаа 51 пратеник „за“, ниту еден против, немаше воздржани“, објави претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари.

Јубилејниот 40-ти неуспешен обид за конституирање се одржа во сенка на неодамнешната пресуда на Уставниот суд на Косово, со која на пратениците им се наложува да го изберат раководството на Собранието во рок од максимум 30 дена.

На почетокот на седницата, тој потсети дека на претходните седници, Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Српската листа не предложија членови за комисијата за тајно гласање и ги покани да го сторат тоа, што повторно го одбија.

Самоопределување, партијата на вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, исто така претходно побара тајно гласање за претседател на Собранието, но тоа не беше прифатено.

Албулена Хаџију е кандидатка на Самоопределување за претседател на новото свикување на Собранието, избрана по општите избори на 9 февруари. Таа доби максимум 57 гласови во претходните обиди, а за да биде избрана, за неа треба да гласаат 61 пратеник.

Констутитивната седница на Собранието на Косово започна на 15 април.

Врз основа на резултатите од изборите на 9 февруари, ниту една партија нема доволно мандат самостојно да формира влада.

Самоопределување има 48 места, Демократската партија на Косово 24, Демократскиот сојуз на Косово 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата Нисма осум, Српската листа девет, Партијата за слобода, правда и опстанок едно, а преостанатите десет им припаѓаат на претставници на малцинските заедници.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us