Русија има намера да ги брани своите легитимни интереси во Балтикот, и покрај фактот дека многу земји се вклучени во провокативни дејствија во таа област, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Фактот дека многу земји се вклучени во провокативни дејствија во Балтикот е сосема очигледна реалност“, рече Песков, пренесува РИА.
Тој додаде дека во Балтикот постои атмосфера на тензии поради западните земји.
Коментирајќи ја посетата на специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Кит Келог, на Украина, тој рече дека тоа е добро за продолжување на решавањето на руско-украинскиот конфликт.
„За нас е многу важно г-дин Келог, како претставник на тимот на Трамп, да ги продолжи своите медијациски напори“, рече тој.
Тој изјави дека Русија е подготвена за третата рунда преговори со Украина.
„Но, очигледно е дека Киев не брза. Сè уште чекаме предлог за временската рамка на новата рунда преговори“, рече Песков.
Тој истакна дека испораките на оружје од Соединетите Американски Држави продолжуваат.
„Многу се зборуваше за високите цени, а сега се чини дека Европа ќе плати за овие испораки. Факт е дека испораките на оружје, муниција и воена опрема продолжуваат“, рече Песков.