ПОЛИТИКА
4 мин читање
Кос во Скопје: Членството во ЕУ е најдобриот начин да се заштити идентитетот на Македонците
„Искористете го овој прозорец на можности, геополитиката се промени и гледаме вистинска посветеност на проширувањето во главните градови на ЕУ“, порача Кос во своето обраќање.
Кос во Скопје: Членството во ЕУ е најдобриот начин да се заштити идентитетот на Македонците
Кос во Скопје: Членството во ЕУ е најдобриот начин да се заштити идентитетот на Македонците / AA
пред 17 часа

Комесарката за проширување на Европската Унија (ЕУ), Марта Кос, денес од Скопје порача дека гледаат вистинска посветеност на проширувањето во престолнините на ЕУ, и ги повика земјите од Западен Балкан да го искористат овој прозорец на можности во време кога геополитиката е променета, јавува Анадолу.

Во рамките на Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ и во Скопје, Кос одржа заедничка прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

„Искористете го овој прозорец на можности, геополитиката се промени и гледаме вистинска посветеност на проширувањето во главните градови на ЕУ“, порача Кос во своето обраќање.

Нагласи дека Северна Македонија треба да се поттурне на патот кон проширувањето, особено со оглед на тоа дека некои други земји се силни конкуренти за завршување на претпристапните преговори.

„Сите препознаваме дека ова не е лесно, но можноста е отворена сега за проширување и ние сите треба да ја искористиме оваа шанса. И сите треба да придонесеме, сите од ЕУ да се изнајде начин што ќе овозможи Северна Македонија да започне најскоро што е можно. Најдобра гаранција за овој процес е да се испорачаат резултати“, нагласи Кос.

На прашањето какви гаранции може да ѝ даде ЕУ на Северна Македонија дека Бугарија нема дополнително да го билатерализира процесот, рече: „За Европската комисија, ситуацијата е јасна, ако Северна Македонија се придржува и го измени Уставот, што не е лесно, тогаш треба веднаш да започнеме со меѓувладината конференција без понатамошни политички одлуки и услови“.

„Членството во ЕУ е најдобриот начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, бидејќи ЕУ е изградена врз различности“, додаде таа.

Осврнувајќи се на приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, Кос рече дека ако работат напорно, со многу реформи што ја менуваат легислативата, би можело да има бесплатен роаминг за земјите од Западен Балкан почнувајќи од 1 јануари 2026 година.

Еврокомесарката, исто така, му се заблагодари на албанскиот премиер, Еди Рама, за неговиот предлог следната средба да се одржи во Тирана. „Се радувам на следната средба на лидерите наесен“, рече таа.

Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маската на европскиот процес

„Нашите чекори кон европскиот пат се со прифаќање на европските вредности, но не прифаќаме наметнувања под маската на европскиот процес“, изјави премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција со еврокомесарката Кос.

Посочи дека реформите не се декорација, туку потреба, порачувајќи:

„Нема да чекаме некој да нѐ турка. Ќе се движиме самите, со сопствената волја, со конкретен план и со јасна визија. Испорачуваме резултати, не затоа што некој го бара тоа од нас, туку затоа што тоа го заслужуваат нашите граѓани. Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот избор, нашиот пат, нашата определба.“

Изрази благодарност за поддршката од Европската комисија, и истакна дека „уште повеќе сме решени сами да си помогнеме да ги спроведеме реформите и да ја трансформираме земјата“.

Нагласи дека тоа ќе се направи со инвестирање, работа, верување во своите силни страни и партнерство со ЕУ.

Тој ја сподели визијата за Западен Балкан што пристапува кон Европската Унија не со зборови, туку со дела, со реформи, со резултати, со интеграција што се чувствува во секојдневниот живот на граѓаните.

„Фактот што го организираме овој самит на лидери е важна симболична потврда за нашето регионално и европско значење“, додаде Мицкоски.

На самитот, посветен на Планот за раст, што е можност за евалуација на постигнатиот напредок и наредните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот, покрај Мицкоски и Кос, присуствуваа и албанскиот премиер Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо, српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ и вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us