Лоцирани над 1.000 контејнери за нуклеарен отпад во Атлантикот
Фрлањето нуклеарен отпад во море беше забрането во 1993 година, но дотогаш најмалку 200.000 контејнери со отпад беа фрлени во водите на северниот Атлантик, на длабочина помеѓу 3.000 и 5.000 метри
Лоцирани над 1.000 контејнери за нуклеарен отпад во Атлантикот
Различни земји фрлале нуклеарен отпад во овие води помеѓу 1950 и 1990 година / Reuters
29 јуни 2025

Меѓународен тим научници лоцираше повеќе од 1.000 контејнери за нуклеарен отпад фрлени во северниот Атлантик пред неколку децении, при што најмалку 200.000 контејнери биле фрлени во океанските води до 1993 година, изјави во петок портпаролот на истражувачкиот центар ЦНРС во Франција.

Во средината на јуни, научниците отпловија од пристаништето Брест со бродот L'Atlante за да го пребараат западниот Атлантик, а за време на четиринеделна експедиција пронашле локации на нуклеарен отпад за да го утврдат влијанието врз екосистемот.

Различни земји фрлале нуклеарен отпад во овие води помеѓу 1950 и 1990 година. Длабочината на морето и оддалеченоста од копното и човечките активности се сметале за идеални услови за отстранување на индустриски и лабораториски отпад во област на Атлантикот каде што морското дно изгледало, ако ништо друго, геолошки стабилно.

Фрлањето нуклеарен отпад во море беше забрането во 1993 година, но дотогаш најмалку 200.000 контејнери со отпад беа фрлени во водите на Северниот Атлантик, на длабочина помеѓу 3.000 и 5.000 метри.

Точната локација сè уште е непозната, состојбата на контејнерите е непозната, ниту дали биле само расфрлани наоколу или фрлени на куп. 

Тимот од 21 член ја пребарува областа, за која се смета дека содржи половина од отпадот, а целта на истражувачите е да ги мапираат контејнерите и да земат примероци од водата, морското дно и морската фауна.

Во оваа задача им помага автономното подводно возило UlyX со 3Д камера и сонарен систем.

Патрик Шардон, раководител на Проектот за мониторинг на локациите за нуклеарен отпад во океанот (НОДССУМ), верува дека радиоактивноста од поголемиот дел од отпадот ќе исчезне по 400 години.

„Резервоарите се дизајнирани да издржат притисок на таа длабочина, но не можат целосно да спречат зрачење кое можеби истекло во меѓувреме“, рече Шардон.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us