ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Најмалку 33 Палестинци убиени во новите израелски напади врз Газа
Во последниот денешен напад, девет лица, меѓу кои пет деца, биле убиени, а 20 други повредени кога борбени авиони го бомбардираа бегалскиот камп Шати во западниот дел на градот Газа
Најмалку 33 Палестинци убиени во новите израелски напади врз Газа
Во израелските напади врз Газа од крајот на октомври 2023 загинаа речиси 58.500 Палестинци / AA
15 јули 2025

Најмалку 33 Палестинци биле убиени, а неколку други повредени во вторникот во новите израелски напади во Појасот Газа, соопштија медицински извори.

Во последниот напад, девет лица, меѓу кои пет деца, биле убиени, а 20 други повредени кога борбени авиони го бомбардираа бегалскиот камп Шати во западниот дел на градот Газа.

Уште седум лица биле убиени во одделни напади насочени кон населбите Шеик Ридван, Ал-Туфа и ал-Дарај во градот Газа.

Пет лица ги загубија животите кога израелски воени авиони погодија куќа во населбата ал-Зарка, североисточно од градот Газа, изјави медицински извор.

Уште еден Палестинец бил убиен во друг напад насочен кон населбата Зејтун во југоисточниот град Газа.

Една Палестинка биле убиена, а неколку лица се повредени во израелски напад насочен кон шатор во кој се сместени раселени лица во населбата Шеик Радван во истиот град.

Пет цивили биле убиени, а неколку лица останаа исчезнати откако борбени авиони погодија куќа во бегалскиот камп Шати, западно од градот Газа.

Дополнително, неколку цивили, вклучувајќи деца, биле убиени и повредени во друг израелски напад насочен кон шатори во кои се сместени раселени семејства во населбата Ал-Римал во градот Газа.

Уште две лица биле убиени во израелско гранатирање насочено кон населбата Ал-Туфа во истиот град.

Силите на израелската армија, исто така, отвориле оган врз цивили во американско-израелски пункт за дистрибуција на помош во Рафах во јужна Газа, при што загинаа две жени, според медицински извори.

Уште еден Палестинец бил убиен во израелски напад врз шатор во областа Ал-Маваси во Кан Јунис во јужна Газа.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, Израел продолжи со брутална офанзива врз Газа од крајот на октомври 2023 година, при што загинаа речиси 58.500 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за својата војна врз енклавата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us