ПОЛИТИКА
2 мин читање
Кина: Европа се соочува со неколку предизвици, од кои ниту еден не го предизвикавме ние
Кина и ЕУ не треба да се сметаат себеси за соперници поради нивните меѓусебни разлики, ниту да бараат конфронтација поради нивните несогласувања, изјави Ванг Ји во среда на состанокот во Брисел со шефицата на европската дипломатија Калас
Кина: Европа се соочува со неколку предизвици, од кои ниту еден не го предизвикавме ние
Пекинг треба да престане со сајбер нападите, мешањето во демократските процеси и нефер трговските практики, рече Калас / AP
3 јули 2025

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ја предупреди својата европска колешка Каја Калас за опасноста од „конфронтација“, се вели во соопштението на неговото министерство во четврток, додека Пекинг се обидува да се претстави како стабилна противтежа на Вашингтон.

„Кина и Европската Унија не треба да се сметаат себеси за соперници поради нивните меѓусебни разлики, ниту да бараат конфронтација поради нивните несогласувања“, изјави Ванг Ји во среда на состанокот во Брисел со шефот на европската дипломатија.

Каја Калас во среда изјави дека Пекинг треба да престане да ја загрозува европската безбедност, наведувајќи ги кибер нападите, мешањето во демократските процеси и нефер трговските практики.

„Европа се соочува со неколку предизвици, од кои ниту еден во минатото, сегашноста или иднината не е предизвикан од Кина“, тври Ванг Ји

Ванг генерално се обидуваше да го претстави Пекинг како противтежа на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која се заканува со царини за стоки увезени од Европа.

„Патот што го зедоа Соединетите Американски Држави не треба да се гледа како одраз на Кина“, рече тој. „Кина не е како Соединетите Американски Држави“, додаде тој.

Двете страни разговарале и за други прашања како што се Украина, израелско-палестинскиот конфликт и нуклеарната програма на Иран, според соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи.

„Пекинг и Брисел мора да покажат меѓусебно почитување“, рече Ванг, додавајќи дека Европа треба да промовира „поактивна и попрагматична“ политика кон Кина.

Ванг, исто така, се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, во среда.

Кина и ЕУ мора да „го бранат мултилатерализмот и слободната трговија... и да соработуваат во справувањето со глобалните предизвици како што се климатските промени“, му рече Ванг на претседателот на ЕК.

Ванг Ји ќе ги посети Германија и Франција пред самитот ЕУ-Кина на кој ќе учествуваат кинескиот претседател Кси Џинпинг и неколку високи европски претставници.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us