Во Скопје започна Македонскиот енергетски форум
Во својот говор на отворањето на форумот, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, рече дека форумот стана централна точка на регионалниот дијалог за енергетската иднина
Во Скопје започна Македонскиот енергетски форум
Туркије на форумот ја претставува заменик министерката за животна средина, урбанизам и климатски промени, Фатма Варанк / AA
16 јуни 2025

Во Скопје започна Македонскиот енергетски форум (МЕФ).

Осмото издание на овој форум, кое се одржува под слоганот „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“, ги собра владините министри од земјите од регионот, експерти и високи претставници од меѓународни институции.

Туркије на овој форум ја претставува заменик министерката за животна средина, урбанизам и климатски промени, Фатма Варанк.

Во својот говор на отворањето на форумот, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Изет Меџити, рече дека форумот стана централна точка на регионалниот дијалог за енергетската иднина.

Тој истакна дека денес не зборуваат само за енергија, туку и за визијата што сакаат да ја изградат за своите земји и граѓани, како и за планетата. „Во време на глобални геополитички, економски и климатски турбуленции, имаме избор. Или ќе продолжиме да се прилагодуваме на кризите или ќе ја преземеме одговорноста за обликување на иднината“, рече тој.

Меџити, исто така, нагласи дека денес Западен Балкан има можност не само да биде следбеник, туку и лидер во енергетската и климатската трансформација.

Форумот ќе заврши утре со сесии посветени на енергетската иднина на Западен Балкан.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us