Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во петок изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Шкотска, во обид да избегне стапување на сила на царина од 30% за извозот од ЕУ следниот месец.
„Се согласивме да се сретнеме во Шкотска во недела за да разговараме за трансатлантските трговски односи и како можеме да ги одржиме силни“, напиша фон дер Лајен на X по телефонскиот разговор со Трамп.
Трамп, пред да замине на посета на Шкотска, рече дека има „шанси 50-50“ за трговски договор меѓу САД и ЕУ.
„Би рекол дека имаме шанси 50:50, можеби и помалку од тоа, но шанси 50:50 да склучиме договор со ЕУ, а тоа ќе биде договор во кој тие ќе мора да ги намалат своите царини“, рече Трамп
Порано овој месец, Трамп објави царина од 30% за целиот увоз од ЕУ почнувајќи од 1 август, давајќи му време на блокот од 27 членки да преговара за сеопфатен трговски договор.
Фон дер Лајен изјави дека данокот од 30% „ќе ги наруши основните трансатлантски синџири на снабдување, на штета на бизнисите, потрошувачите и пациентите од двете страни на Атлантикот“.
Таа рече дека ЕУ „доследно“ дава приоритет на договорено решение со САД, останува подготвена да продолжи да работи кон постигнување договор до 1 август, но „ќе преземе сите потребни чекори за да ги заштити интересите на ЕУ“.