Научници развиле модел на вештачка интелигенција кој дешифрира зборови од мозочните бранови
Ова научно достигнување може не само да помогне на пациентите со нарушена когниција, туку и да го промени начинот на кој луѓето комуницираат со компјутерите
Научници развиле модел на вештачка интелигенција кој дешифрира зборови од мозочните бранови
Истражувачкиот тим досега постигнал околу 75 отсто точност во претворањето на мислите во текст / AA
20 јуни 2025

Австралиски истражувачи развија модел на вештачка интелигенција (ВИ) што може да ги дешифрира зборовите и речениците од мозочните бранови детектирани со нослива капа, поставувајќи нови граници во медицината, јави Австралиската радиодифузна корпорација.

Ова научно достигнување може не само да помогне на пациентите со нарушена когниција, туку и да го промени начинот на кој луѓето комуницираат со компјутерите.

Пионерскиот ВИ-модел е развиен од експертот Даниел Леонг, докторантот Чарлс Жу и нивниот ментор Чин-Тенг Лин во Центарот за хуманo-центрична вештачка интелигенција ГрафенИкс (GrapheneX) при Универзитетот за технологија во Сиднеј. Тимот користел длабоко машинско учење за да ги преведе мозочните сигнали регистрирани преку електроенцефалограм (ЕЕГ) во конкретни зборови.

Лин истакна дека моделот засега учи од ограничен сет зборови и реченици, со цел полесно да се идентификуваат поединечните зборови. За понатамошно усовршување на технологијата, истражувачите ангажираат волонтери кои читаат текстови додека ја носат капата со ЕЕГ, за со тоа да се соберат повеќе податоци.

Нивната амбиција е технологијата да се користи и за комуникација меѓу две лица.

Професорот за биоелектроника при Универзитетот на Нов Јужен Велс, Мохит Шивдасани, изјави дека научниците со децении се обидуваат да ги откријат шемите во биолошките сигнали, но денес благодарение на ВИ можат да се препознаат и обрасци што претходно никогаш не биле забележани.

Тој додаде дека вештачката интелигенција, особено кога се користи со имплантирачки уреди, може брзо да се персонализира според начинот на кој поединецот извршува одредена задача.

Истражувачкиот тим досега постигнал околу 75 отсто точност во претворањето на мислите во текст, а нивната цел е да достигнат 90 отсто прецизност.

Извор: АА

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us