СВЕТ
1 мин читање
Поефтини природниот гас во Европа по објавата за примирје меѓу Израел и Иран
Цените се намалија за 12 проценти
Поефтини природниот гас во Европа по објавата за примирје меѓу Израел и Иран
FILE PHOTO: An LNG tanker is tugged towards a thermal power station in Futtsu / Reuters
24 јуни 2025

Цените на природниот гас во Европа паднаа за 12 проценти откако американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран.

Цената по мегават-час за јулските фјучерси нa холандската виртуелна берза за природен гас со најголем промет во Европа утрово беше 36,4 евра за мегават-час, што е намалување од 10,1 процент во однос на вчерашната од 40,5 евра.

Како што одминуваше денот, цените продолжија да паѓаат, достигнувајќи 35,8 евра во 9 часот наутро по локално време, што е намалување од 12 проценти во однос на претходниот ден.

Европските цени на гасот беа исклучително нестабилни во последните две недели, достигнувајќи 41,9 евра за мегават-час на 19 јуни, највисоко ниво од почетокот на април, поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот, предизвикана од израелските напади врз Иран, би можела да го затвори Ормутскиот теснец и да ја наруши глобалната трговија со течен природен гас.

Околу 20 проценти од светската трговија со течен гас поминува низ Ормутскиот теснец.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us