ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Претседателот Ердоган најави ново поглавје во историјата на Туркије
Ердоган рече дека „денес започнува зората на голема и моќна Туркије“, оценувајќи дека разоружувањето на ПКК е победа за сите 86 милиони граѓани
Претседателот Ердоган најави ново поглавје во историјата на Туркије
Претседателот Ердоган најави ново поглавје во историјата на Туркије / AA
13 јули 2025

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера го оцени разоружувањето терористичката група ПКК како историски пресврт и соопшти дека Туркије влегува во нова ера на единство и сила.

„Денес е нов ден, нова глава во историјата. Целосно се отворени вратите кон голема, силна Туркије — Столетие на Туркије“, рече Ердоган за време на 32. консултативен и евалуативен состанок на Партијата за правда и развој (АК) во Анкара.

„Денес започнува зората на голема и моќна Туркије“, нагласи тој.

Повикувајќи се на долгогодишната борба против тероризмот, Ердоган изјави дека се надева дека 47‑годишната напаст на терористичката ПКК, завршила во петокот.

Тој го опиша решението на терористичката група да го положи оружјето како победа за Турција, велејќи дека Турците, Курдите, Арапите, сите 86 милиони граѓани, излегуваат како победници.

Истакнувајќи поширока визија за регионално единство, Ердоган додаде:

„Денес, на нов начин се обликуваат духот на Малазгирт, Ерусалимскиот сојуз и суштината на Војната за независност.“

Говорејќи за неодамнешната иницијатива „Турција без терор“, турскиот претседател појасни дека процесот не е резултат на никакви преговори, пазарења или процес на давање и земање.

Нагласувајќи го националното единство, Ердоган додаде: „Републиката Турција е нашиот заеднички дом, наш заеднички покрив. Сите 86 милиони сме едно, обединети и браќа засекогаш.“

Тој нагласи дека иницијативата се проширува надвор од границите на Турција и истакна дека Турција без терор не е само прашање за курдските граѓани во земјата, туку и за курдските заедници во Ирак и Сирија, и дека активно се разговара со нив во рамките на овој процес.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us