Москва нема намера да му испорачува нуклеарно оружје на Иран поради своите обврски според Договорот за неширење на нуклеарно оружје, изјави во понеделник заменик престедателот на Советот за безбедност на Русија и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.
„Го осудувам нападот на САД врз Иран - не успеа да ги постигне своите цели“, рече Медведев на X, нагласувајќи дека, за разлика од Израел, и Русија и Иран се членки на договорот.
Тој предупреди на ескалација на реториката за нуклеарните арсенали, истакнувајќи го сопственото искуство во надгледувањето на руските нуклеарни сили.
„Дефинитивно не треба да дебатираме кој има повеќе нуклеарно оружје“, додаде тој.
Медведев, исто така, изрази загриженост за иднината на нуклеарната стабилност, велејќи: „Договорот „Нов СТАРТ“, кој еднаш го потпишав со американскиот претседател, е сè уште на сила - засега. Прашањето е: што следи?“.
Неговите коментари дојдоа откако Доналд Трамп го критикуваше за „лежерно користење на зборот „Н“ (нуклеарно!) , кога по амекиканскиот напад врз Иран рече дека неколку земји се подготвени да му испорачаат на Иран нуклеарни боеви глави.
Трамп на платформата Вистина (Truth Social) праша дали правилно го слушнал Медведев како зборува за испорака на нуклеарно оружје на Иран, прашувајќи дали рускиот функционер „премногу лежерно го користи зборот „Н“ (нуклеарно!).
„Дали навистина го кажа тоа или е само плод на мојата имагинација? Ако го кажал тоа и ако е потврдено, ве молам веднаш известете ме“, додаде Трамп.