СПОРТ
2 мин читање
Лука Модриќ се збогува: Реал Мадрид засекогаш ќе биде мој дом
Драги Мадридисти, дојде моментот, момент што никогаш не сакав да дојде, но таков е фудбалот, а во животот сè има почеток и крај... во сабота ќе го одиграм мојот последен натпревар на Сантијаго Бернабеу, објави хрватскиот фудбалер
Лука Модриќ се збогува: Реал Мадрид засекогаш ќе биде мој дом
Хрватскиот репрезентативец со Реал освои 27 трофеи, најмногу во историјата на клубот / Reuters
22 мај 2025

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и легенда на клубот, Лука Модриќ, објави емотивна порака на својот Инстаграм профил во четврток, потврдувајќи дека ќе го одигра својот последен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во сабота.

„Драги Мадридисти, дојде моментот. Момент што никогаш не сакав да дојде, но таков е фудбалот, а во животот сè има почеток и крај... Во сабота ќе го одиграм мојот последен натпревар на Сантијаго Бернабеу“, објави хрватскиот фудбалер.

Тој потсети дека пристигнал во клубот во 2012 година со големи соништа и амбиции, но дека немал поим каква кариера го чека во најтрофејниот клуб во светот.

„Дојдов со надеж да го носам дресот на најдобриот клуб во светот и со амбиција да постигнам големи работи, но не можев ни да замислам што ќе се случи потоа. Играњето за Реал Мадрид ми го промени животот, и како фудбалер и како личност“, додаде тој.

Модриќ изрази длабока благодарност до клубот, претседателот Флорентино Перез, соиграчите, тренерите и сите што го поддржуваа во текот на повеќе од една деценија помината во „кралскиот“ дрес.

„Заминувам со срце полно со гордост, благодарност и незаборавни спомени. Иако по Светското клупско првенство повеќе нема да го носам овој дрес на теренот, засекогаш ќе бидам мадридиста. Ќе се видиме повторно. Реал Мадрид секогаш ќе биде мој дом. Засекогаш“, напиша Модриќ и заврши со реченицата:

„Здраво Мадрид и ништо повеќе.“ (Хала Мадрид, и ништо друго).

Модриќ одигра 590 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи 43 гола и 95 асистенции.

Во август 2012 година, го одигра првио натпревар за Реал, во реваншот од шпанскиот Суперкуп против Барселона. Тоа беше првиот трофеј на Модриќ со Реал, а потоа освои уште 27, станувајќи најтрофејниот фудбалер во богатата историја на клубот.

Претходно играше за Тотенхем Хотспур и Динамо Загреб. Тој е долгогодишен капитен на хрватската репрезентација.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us