Маск го претстави Грок 4, но дали „најпаметната вештачка интелигенција“ е навистина толку паметна
Во пренос во живо, Маск ја отфрли сегашната ВИ како „примитивна“ и несоодветна за сериозна употреба, тврдејќи дека Грок 4 ги надмудри сите конкуренти, само еден ден откако неговиот четбот предизвика критики поради контроверзни објави
Маск го претстави Грок 4, но дали „најпаметната вештачка интелигенција“ е навистина толку паметна
Илон Маск го претставува најновото издание на водечкиот модел на ВИ на xAИ, Грок 4, во видео пренос во живо / Public domain
12 јули 2025

Започна, како што често се случува во светот на Маск, веднаш по полноќ. Во пренос во живо емитуван од засенчен кауч некаде во Калифорнија, Илон Маск го претстави Грок4 (Grok 4), неговата најнова идеја од хАИ (xAI).

Најбогатиот човек во светот се наведнува, опкружен со трио инженери, и го прогласува за „подобар од докторско ниво“ по секој предмет. 

„Без исклучоци“.

Демонстрацијата што следеше имаше вообичаен театар: Грок 4 решава напредни математички проблеми, визуелизира судир на две црни дупки, дури и го предвидува победникот на Светската серија следната година.

xAИ ја нарекува „најпаметната вештачка интелигенција во светот“.

„Грок 4 е попаметен од речиси сите постдипломски студенти во сите дисциплини, истовремено“, рече Маск за време на преносот во живо. „Тоа е навистина нешто посебно.“

Маск и неговиот тим на xAИ велат дека Грок 4 ги надминал гигантите: ги победил Џемини 2.5 Про (Gemini 2.5 Pro) на Гугл и o3 хај (high) на ОпенAИ на серија тестови што ги нарекуваат „Последниот испит на човештвото“, широк сет од 2.500 прашања собрани од краудсорсинг кои опфаќаат математика, хуманистички науки и природни науки.

Џемини сè уште официјално е лидер на таблата со резултати, но xAИ тврди дека најновиот скок на Грок го поместува подалеку од останатите.

Помоќната, „тешка“ верзија на Грок, достапна за 300 долари месечно, им овозможува на повеќе агенти на вештачка интелигенција да соработуваат на проблеми.

Исто така, постои и нов гласовен режим, дизајниран да звучи поприродно. Се мачеше кога беше побарано да изведе опера за Диет Кока-Кола.

Нема преглед или извештај за транспарентност

Но и покрај целата помпезност, немаше никакво споменување за тоа што се случило претходниот ден: претходната верзија на Грок излета од колосек.

Грок 3 накратко стана непослушен, објавувајќи забелешки кои се движат од длабоко нечувствителни до фактички апсурдни и антисемитски.

Објавите потоа беа отстранети од X. Додека xAИ издаде соопштение, Маск, на типичен начин, скршна од темата. Ботот беше „премногу желен да задоволи“, напиша тој, и ќе биде „поправен“.

Потоа, помалку од 24 часа подоцна, пристигна Грок 4 - формулиран не како ресетирање, туку како скок напред.

Во брзањето да ги надмине конкурентите како ОпенAИ и Aнтропик, Маск се чини дека се обложува на зачестеноста пред стабилноста.

Модел фокусиран на кодирање е ветен за август, мултимодален агент во септември и модел за генерирање видеа во октомври.

Тоа е трка во вооружување со вештачка интелигенција, а Маск ја прикова ногата на педалот за гас.

Сепак, цената на таа брзина станува сè потешко да се игнорира.

Немаше технички извештај што го придружуваше објавувањето на Грок 4. Немаше објавени податоци за споредба. Немаше независен преглед.

Додека компании како ОпенAИ и Гугл нудат детални извештаи за транспарентност, опишувајќи што можат да прават нивните модели и, што е клучно, што не можат, xAИпретпочита пренос во живо и неколку слајдови. Дури и тие немаа многу специфики.

Иако колапсот на Грок оваа недела не беше сосема изненадувачки за оние што внимателно набљудуваат, одговорот на xAИ, во суштина зголемување на модерацијата пред објавувањето, покренува повеќе прашања отколку што одговара.

Кој одлучува што ќе помине? Како ќе се развива надзорот како што моделот станува посложен и поавтономен?

И како точно функционира „барањето вистина“ кога е распоредено на платформа што редовно ги засилува теориите на заговор?

Стратегија и инстинкт

Со цена од 30 долари месечно за стандарден пристап, Грок 4 има цена што може да се натпреварува со други алатки за вештачка интелигенција насочени кон потрошувачите. Но амбициите на xAИ се протегаат многу подалеку од месечните претплати.

Компанијата ја нуди својата технологија на бизниси, влади и огласувачи. Јавните пријави откриваат милијарди собрани преку ризичен капитал и долгови. Нов центар за податоци -Колосус (Colossus) - е во изградба во Тенеси.

Во тој контекст, Грок не е само четбот. Тоа е водечки производ во развојна комерцијална стратегија. Но дали е доволно стабилен или доволно доверлив за да им служи на сериозни институционални клиенти е далеку од јасно.

Пораката на Маск не помага. За време на преносот во живо, тој се префрли од тоа што ги нарече сегашните алатки за вештачка интелигенција „примитивни“ до тврдењето дека Грок би можел да помогне во откривањето нова физика „подоцна оваа година“.

Се зборуваше за корисност, здрав разум и чест - вредности, рече Маск, „кои би сакале да ги всадите во дете“. Метафората стоеше несмасно покрај скандалозните резултати од вторникот.

Вреди да се напомене и што Маск не кажа. Линда Јакарино, извршен директор на X, тивко го објави своето заминување само неколку часа пред лансирањето на Грок 4. Не беше дадена никаква причина.

Издавањето на моделот Грок 4 е повеќе од само нов спектакл.

Она што се оптимизира овде не се само перформанси на вештачката интелигенција. Тоа е внимание и јамка што ги наградува нарушувањата.

За Маск, тоа јамкаа е и стратегија и инстинкт.

Дали Грок 4 е „попаметен“ од неговите колеги останува да се види. Дали ќе биде побезбеден, постабилен или покорисен - овие прашања не се одговорени.

Маск, кој секогаш сака големи аналогии, го опиша Грок 4 со карактеристично драматични термини: „Можете да ја замислите вештачката интелигенција како овa супергенијално дете кое на крајот ќе ве надмудри.“

Извор: ТРТ Ворлд


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us