РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Каде во регионот зимската опрема е задолжителна и какви се казните?
Во земјите од регионот генерално во ноември започнува обврската за зимска опрема, а може да трае се до април. Ви подготвивме преглед на задолжителните обврски за возачите во зима, времетраењето и износот на казните.
Каде во регионот зимската опрема е задолжителна и какви се казните?
Каде во регионот зимската опрема е задолжителна и какви се казните?     Фото: TRT Balkan / TRT Balkan
2 ноември 2022

Патувањето со автомобил во зимскиот период, особено ако се преминува граница низ Европа може да биде голем предизвик со оглед на различните регулативи и ограничувања помеѓу земјите. Затоа треба да знаете во кои земји од Западен Балкан зимската опрема е задолжителна и кои правила треба да ги почитувате за да не ви напишат казна.

Северна Македонија со „зимски правила“

Северна Македонија иако располага со над 200 сончеви денови има законски прописи за регулирање на сообраќајот кои поеднакво важат и за посеверните европски земји. Возачите треба постојано да имаат вклучени соборени светла, а непостапувањето носи казна од 15 евра преку ден и 30 евра казна преку ноќ.

Топлата клима во поголемиот дел од годината не прави исклучок и за одредбите за задолжителна зимска опрема. На сила стапува на 15 ноември и трае до 15 март следната година. Во Северна Македонија ако во посочениот период немате зимски гуми ќе платите 45 евра казна, а може да се соочите и со исклучување на возилото од сообраќај.

Возачите се обврзани да носат со себе и ланци во случаи кога патиштата се покриени со снежна обвивка или мраз.

Најдолга „зимска“ сезона во Србија

Сезоната на задолжителна зимска опрема најрано започнува во Србија и тоа од 1 ноември. Сите возачи треба да постават зимски гуми на автомобилот. Оваа обврска во Србија трае и најдолго споредено со земјите од регионот, односно на сила важи до 1 април наредната година.

Во Србија исто така, ако овој период не располагате со соодветни зимски гуми ќе се соочите и со повисоки парични казни. Така, за несоодветна зимска опрема казната се движи од 85 до 150 евра во зависност од категоријата на возилото и намената.

Најниски казни во БиХ

Во Босна и Херцеговина зимската опрема е задолжителна во период од еден месец повеќе споредено со Северна Македонија, односно истата завршува на 15 април. Возачите во БиХ треба да ги опремат возилата со соодветни зимски гуми. Тука казните за непочитување на обврската се најниски споредено со регионот и се движат од 20 до 100 евра. Во БиХ исто така, ако возач на одредено место каде што има знак за зимска опрема не поседува зимски гуми може да биде исклучен од сообраќај.

Во Црна Гора казните растат со снегот

Црна Гора е последната земја од Западен Балкан во која важи правилото за задолжителна зимска опрема во период од 15 ноември до 31 март. Црногорските власти во зимските месеци бараат од возачите примена на соодветни гуми. Ако нема снег на патиштата казните за непочитување на правилото се движат од 60 до 150 евра, а кога има снег од 80 до 300 евра за возачите без зимска опрема.

Во Косово и Албанија без казни за зимска опрема

Од регионот единствено Албанија и Косово немаат правило за задолжителна зимска опрема во текот на годината, единствено се препорачува употреба на синџири за гумите доколку тоа го бараат временските и условите на патиштата. На пример во Албанија од 1 ноември до 30 април се препорачува поседување на синџири за гумите во случај на отежнати услови на движење на патиштата предизвикани од снежни наноси. Во Косово тој период трае од 15 ноември до 15 март.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us