КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Дрвенград: Етно-село кое изгледа како во него отсекогаш да се живеело
Селото е основано и направено на ридот Меќавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица, а за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“ во 2003 и 2004 година
Дрвенград: Етно-село кое изгледа како во него отсекогаш да се живеело
Дрвенград: Етно-село кое изгледа како во него отсекогаш да се живеело      Фото: mecavnik.info
30 јуни 2022

Дрвенград (Кустендорф), познато и како Меќавник е етно-село во западниот дел на Србија, во Златиборскиот округ, сместено во близина на селото Мокра Гора на раскрсницата меѓу планините Златибор и Тара. Со својот изглед и автентичност етно-селото го привлекува вниманието на бројни посетители од земјата и странство.

Селото е основано е и направено на ридот Меќавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“ во 2003 и 2004 година.

Дрвен град е етно-село во градски облик и структура. На едниот крај се наоѓа влезната порта, од каде поаѓа главната улица и се простира до другиот крај каде се наоѓа дрвена православна црква. Во централниот дел на селото се наоѓа плоштад, поплочен со дрвени блокови и исечени дрвени прагови и опкружен со дрвени куќички.

Улиците именувани по познати личности

Улиците во селото добија име по познати личности од културата, науката и спортот. Една улица во селото го носи името на светски познатиот тенисер од Србија Новак Ѓоковиќ, додека друга улица го носи името на Иво Андриќ, југословенски писател и добитник на Нобеловата награда за книжевност.

Плоштадот во селото го носи името на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона.

Селото интересно и за Џони Деп

Стручно жири на бриселска Фондација за архитектура „Филип Ротије“ во 2005 година ова градителско дело на режисерот Кустурица го прогласи за најдобро архитектонско остварување во изминатите три години.

Од 2008 година, селото е домаќин на годишниот филмски и музички фестивал Кустендорф, кој прикажува филмови и музика од целиот свет.

Во 2010 година селото го посетил светски познатиот актер Џони Деп.

Режисерот Емир Кустурица селото Дрвенград го објаснува со зборовите: „Измислив град кој изгледа како во него секогаш да се живеело. А никогаш не се живеело.“

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us