ПОЛИТИКА
1 мин читање
Моди му кажал на Трамп дека мирот со Пакистан не е постигнат преку посредништво на САД
Индија претходно негираше какво било посредништво од трета страна, а разговорот меѓу Моди и Трамп се одржа во вторник на маргините на самитот на Г7 во Канада, на кој Моди присуствуваше како гостин
Моди му кажал на Трамп дека мирот со Пакистан не е постигнат преку посредништво на САД
Моди потсетиl дека Индија не прифаќала медијација во минатото и истакнал дека никогаш нема да го стори тоа / Reuters
18 јуни 2025

Индискиот премиер Нарендра Моди му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето меѓу Индија и Пакистан по неодамнешниот вооружен конфликт е постигнато за време на преговорите меѓу двете армии, а не преку посредништво на САД, изјави денес висок индиски дипломат.

Трамп минатиот месец изјави дека Индија и Пакистан, две соседни нуклеарни сили, се согласиле на примирје по посредништвото на САД и дека непријателствата завршиле откако тој ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната, објави Ројтерс.

Индија претходно негираше какво било посредништво од трета страна, а разговорот меѓу Моди и Трамп се одржа во вторник на маргините на самитот на Г7 во Канада, на кој Моди присуствуваше како гостин, и беше нивниот прв директен контакт од судирот меѓу Пакистан и Индија кој траеше од 7 до 10 мај.

„Премиерот Моди јасно му кажа на претседателот Трамп дека разговорите за прекин на воените операции се водат директно меѓу Индија и Пакистан преку активни воени канали и на инсистирање на Пакистан. Премиерот Моди потоа потсети дека Индија не прифаќала медијација во минатото и истакна дека никогаш нема да го стори тоа“, рече неименуваниот индиски дипломат.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us