ПОЛИТИКА
1 мин читање
Турската парламентарна делегација на средба во Собранието
Соговорниците разговараа  и за соработката во областа во одбраната, а во тој контекст и значењето на регионалната стабилност и сигурност.
Турската парламентарна делегација на средба во Собранието
Турската парламентарна делегација на средба во Собранието / TRT Balkan
24 јуни 2025

Членовите на Делегацијата од Меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Северна Македонија, на Големото турско национално собрание, кои се во возвратна посета на земјава, остварија средба со Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија на Собранието на РСМ, како уште една потврда за исклучително добрата соработка меѓу двете земји во повеќе области.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија Муса Џафери, во своето обраќање, ја истакна длабоката и искрена соработка меѓу Северна Македонија и Туркије, која, како што рече, црпи сила од заедничката историја и долгогодишните блиски односи, изградени на заемна доверба и пријателствои зајакнати преку конкретни проекти и иницијативи.

На средбата, пратениците од двете страни разменија мислења за дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Туркије уште од почетоците на незавиосноста на нашата земја, при што е заклучено дека стратешката соработка треба да се зајакнува преку редовен дијалог и размена на најдобрите практики.

Соговорниците разговараа  и за соработката во областа во одбраната, а во тој контекст и значењето на регионалната стабилност и сигурност.

Посебно беше истакната важноста на трговската размена меѓу Северна Македонија и Туркије, која ја надмина границата од една милијарда долари.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us