ВОЈНА ВО ГАЗА
3 мин читање
Над 700 Палестинци убиени од израелски оган во Газа чекајќи да добијат вода
Израелските армиски сили извршиле 112 масакри врз жителите на Газа што чекале да добијат вода, при што се убиени повеќе од 700 луѓе, претежно деца, од октомври 2023 година досега
Над 700 Палестинци убиени од израелски оган во Газа чекајќи да добијат вода
Над 700 Палестинци убиени од израелски оган во Газа чекајќи да добијат вода / TRT Global
14 јули 2025

Повеќе од 700 Палестинци, претежно деца, се убиени од оган од израелската армија додека чекале да добијат вода од октомври 2023 година досега, соопштија локалните власти денес.

„Израелската окупација продолжува да води систематска и намерна војна со жед против палестинскиот народ во Газа, што е очигледно кршење на сите меѓународни и хуманитарни конвенции“, се вели во соопштението на владината Канцеларија за медиуми на Газа.

Канцеларијата ги обвини израелските сили дека ja користат водата како оружје во војната „за да ги лишат Палестинците од нивните најосновни права“.

Се истакнува дека израелските армиски сили извршиле 112 масакри врз жителите на Газа што чекале да добијат вода, при што се убиени повеќе од 700 луѓе, претежно деца, од октомври 2023 година досега.

Во текот на вчерашниот ден убиени се најмалку 12 лица, меѓу кои осум деца, од израелски оган додека чекале да наполнат вода во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа.

Канцеларијата за медиуми соопшти дека над 720 бунари за вода биле намерно уништени од израелската армија во Газа.

„Нападите врз бунарите за вода лишија повеќе од 1,25 милиони Палестинци до пристап до чиста вода“, се додава во него.

Според соопштението, израелската армија го попречувала влезот на 12 милиони литри гориво месечно, количина потребна за работа на минималниот број бунари, канализациски станици, механизми за собирање отпад и други витални сектори во Газа.

„Ова предизвика целосна парализа на водоводните и канализациските мрежи и ширење на епидемии, главно меѓу децата“, се додава во соопштението.

Канцеларијата за медиуми апелираше до меѓународната заедница и организациите за човекови права да преземат итни мерки за да ја спречат систематската и намерна употреба на водата како воено оружје од страна на Израел и да ja дозволат потребната количина гориво и тешка опрема за повторно работење на бунарите и дренажните станици.

Израел ги држи премините во Газа затворени за храна, медицинска и хуманитарна помош од 2 март, продлабочувајќи ја веќе тешката хуманитарна криза во енклавата, која погоди 2,4 милиони жители на Газа. Блокадата го турна регионот во глад, со многу пријавени смртни случаи поради неисхранетост.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија уби повеќе од 58.000 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против енклавата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us