ПОЛИТИКА
2 мин читање
Шефицата на дипломатијата на ЕУ: Туркије дефинитивно ја гледаме како безбедносен играч
Кога станува збор за улогата на Туркије, Истанбул е место каде што се одржуваат многу состаноци, затоа сите се благодарни на Туркије за понудата на ова посредништво, изјави Калас
Шефицата на дипломатијата на ЕУ:  Туркије дефинитивно ја гледаме како безбедносен играч
Брисел ја пофали улогата на Туркије во олеснувањето на евакуацијата на граѓаните на земјите од ЕУ од Иран / AA
19 јуни 2025

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во четврток ја пофали улогата на Туркије во дипломатијата, велејќи дека ЕУ ја гледа Туркоје како безбедносен играч, пренесува Анадолу.

„Кога станува збор за улогата на Туркије, Истанбул е место каде што се одржуваат многу состаноци. Затоа сите се благодарни на Туркије за понудата на ова посредништво“, изјави Калас пред новинарите кога беше прашана за тековните тензии на Блискиот Исток.

Калас рече дека неодамнешните одлуки на ЕУ за безбедноста и одбраната ослободија значителни средства, со над 800 милијарди евра достапни за поддршка на заеднички проекти за набавки и одбрана.

Таа нагласи дека овие инструменти, вклучително и механизмот за заем САФЕ, не се протекционистички и можат да се користат во соработка со земји-партнери како што е Туркије.

„Сега Туркије како земја-кандидат има пристап до САФЕ кредити, на пример, за заеднички проекти со европските земји“, рече таа, додавајќи дека овие алатки имаат за цел да ја зајакнат европската одбранбена индустрија, а во исто време да ја поттикнат соработката надвор од блокот.

„Дефинитивно ја гледаме Туркије како безбедносен играч“, додаде таа.

Што се однесува до Блискиот Исток, таа изрази загриженост поради зголемените тензии, особено нападите врз нуклеарните постројки и стравувањата од поширок конфликт.

Таа рече дека ЕУ ги поддржува дипломатските напори за спречување на ескалација и управување со ризиците поврзани со Иран и регионалната нестабилност.

„Оваа војна на Блискиот Исток е исклучително загрижувачка. Ризиците од погрешна проценка се многу високи и затоа се обидуваме да ги намалиме тензиите“, рече таа.

Претходно денеска Кристијан Бергер, директор на Центарот за одговор на кризи на Европската служба за надворешна акција ја пофали улогата на Туркије во олеснувањето на евакуацијата на граѓаните на земјите од ЕУ од Иран поради ескалацијата во Тел Авив и Техеран.

„Добивме голема поддршка од турските власти за да се осигуриме дека луѓето можат лесно да ја преминат границата, а потоа да добијат поврзувачки летови од источниот дел на земјата до меѓународен аеродром“, изјави Бергер.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us