РЕГИОН
2 мин читање
Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
Со измените им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола.
Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило / AA
14 јули 2025

Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесотна регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. 

Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола. Се предлага исто така регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во близина на местото на живеење.  

„Во разговор со нашите сограѓани и со организациите кои ги опфаќа овој закон дојдовме до заклучок дека процесот на регистрирање на возило може да биде пресложен особено заради тоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат во станиците за технички преглед што значи дека и целосно да е завршена процедурата за преглед на возилото, сепак ќе треба да чекате неколку дена за да добиете печат во сообраќајната дозвола и затоа одлучивме да направиме неколку новитети“, рече Стојановски. 

За овој Предлог-закон, како што информираше Стојановски, не се поднесени амандмани во законскиот рок. 

На 33. седница на Комисијата поминаа и измените на Законот за метрологија во прво читање.


ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us