ПОЛИТИКА
2 мин читање
Русија ги достави условите за разговори со САД за Украина
Во најкус можен рок, конечно мораме да го победиме непријателот кој е вкоренет во регионот Курск и сѐ уште спроведува одбранбени дејства овде, рече Путин во обраќањето до руското воено раководство
Русија ги достави условите за разговори со САД за Украина
Путин, облечен во воена униформа, во средата го посети западниот руски регион Курск за прв пат откако украинските сили зазедоа дел од територијата / Reuters
13 март 2025

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите со Вашингтон, изјавија за Ројтерс две лица запознаени со ова прашање.

Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата, наведува агенцијата.

Руските и американските официјални лица разговараа за условите за време на лични и виртуелни разговори во текот на изминатите три недели, велат изворите. Тие ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека американските претставници одат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и пат кон мировни преговори.

Претходните руски услови вклучуваа нечленство на Киев во НАТО, договор да не се распоредуваат странски трупи во Украина и меѓународно признавање на тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Крим и четири провинции припаѓаат на Русија.

Русија, исто така, во последниве години побара од САД и НАТО да се справат со, како што ги нарече „основните причини“ на војната, вклучувајќи го и проширувањето на НАТО кон исток.

Трамп го чека одговорот на Путин за тоа дали ќе се согласи на 30-дневен прекин на огнот што украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот рече дека ќе го прифати како прв чекор кон мировните преговори.

Путин во средата го посети западниот руски регион Курск за прв пат откако украинските сили зазедоа дел од територијата на регионот.

Путин, облечен во воена униформа, го посети контролниот центар во областа Курск што го користат руските сили, објави руската државна телевизија.

„Навистина, во најкус можен рок, конечно мораме да го победиме непријателот кој е вкоренет во регионот Курск и сѐ уште спроведува одбранбени дејства овде“, рече Путин во обраќањето до руското воено раководство.

Валериј Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб, го информирал дека украинските сили во областа Курск сега се опколени.

„Во тек е нивно систематско уништување“, рече Герасимов.




Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us