ПОЛИТИКА
2 мин читање
Нетанјаху прогласи „историска победа“ над Иран и му се заблагодари на Трамп
Израелскиот лидер додаде дека земјата мора да го победи Хамас и да ги врати заложниците од Газа, нагласувајќи дека Израел ќе отвори „оска на просперитет и мир за луѓето од регионот“ и пошироко, откако ќе ја ослабне „оската на злото“ на Иран
Нетанјаху прогласи „историска победа“ над Иран и му се заблагодари на Трамп
Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам многу за нашата заедничка работа, рече Нетанјаху / Reuters
24 јуни 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес прогласи „историска победа“ по 12 дена војна против Иран и му се заблагодари на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за „одбраната“ на Израел.

„Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам многу за нашата заедничка работа“, рече Нетанјаху, неколку часа откако Трамп го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.

Нетанјаху рече дека американските сили го „уништиле“ подземниот објект за збогатување ураниум во Фордо, додавајќи дека израелските и американските сили „ја испратиле нуклеарната програма на Иран во пропаст“.

„Ако некој во Иран се обиде да ја обнови таа програма, ние ќе дејствуваме со истата решителност, со истата сила, за да го спречиме секој таков обид. Повторувам - Иран нема да има нуклеарно оружје“, рече Нетанјаху во видео објава.

Нетанјаху додаде дека Израел ја уништил иранската програма за производство на балистички ракети и поголемиот дел од системите за лансирање, нанесувајќи „разорни удари на самиот злобен режим“.

Тој, исто така, го пофали нападот врз Иран рано утрово, пред да стапи во сила прекинот на огнот, што го налути американскиот претседател.

Израелскиот лидер додаде дека земјата мора да го победи Хамас и да ги врати заложниците од Газа, нагласувајќи дека Израел ќе отвори „оска на просперитет и мир за луѓето од регионот“ и пошироко, откако ќе ја ослабне „оската на злото“ на Иран.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us