СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Катастрофален земјотрес во Авганистан
Обновено: Во земјотресот со интензитет од 5,9 степени, според Рихтеровата скала, што го погоди источен Авганистан загинаа над 900 лица, а стотици се повредени.
Катастрофален земјотрес во Авганистан
Бројот на загинатите постојано расте     Фото:  BakhtarNA / AA
22 јуни 2022

Според најновите информации, најмалку 900 лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди источен Авганистан.

Авганистанските власти велат дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи десетици луѓе се во критична состојба.

Новинската агенција Бахтар јави дека земјотресот ги погодил провинциите Хост и Пактика, а повредени се 595 лица.

„Имам застрашувачки податоци од провинцијата Пактика, каде што стотици луѓе загинаа и беа повредени во разорниот земјотрес. Уништени се домови, а луѓето се под урнатините“, рече Калид Задран, портпарол на полицијата во Кабул, во објава на Твитер.

Тој додаде дека на местото на настанот пристигнале спасувачки екипи од Кабул и дека спасувачките операции се во тек.

„Сите хуманитарни организации треба да ја насочат својата помош кон Пактика“, рече Задар.

Талибанските власти повикаа на помош во областите погодени од земјотресот.

Извор: АА

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us