КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Граѓаните од Балканот имаат ниска доверба во здравствениот систем
Половина од анкетираните одговориле дека попрво би избрале приватни здравствени институции наместо јавни, доколку би имале потреба тие или нивните членови на семејството да посетат здравствена установа
Граѓаните од Балканот имаат ниска доверба во здравствениот систем
Граѓаните од Западен Балкан имаат ниско ниво на доверба во нивниот здравствен систем     Фото: АА / AA
6 јули 2022

Граѓаните од земјите од Балканот имаат ниска доверба во здравствениот систем во нивните земји, покажува истражувањето објавено во меѓународното стручно списание „Health Expectations“.

Во истражувањето се наведува дека се испитувани трендовите на доверба на граѓаните од Западен Балкан во лекарите и во јавните и приватните здравствени установи. Истражувањето е спроведено онлајн од 25 јули 2021 до 30 октомври 2021 година. Анкетирани биле 3.789 лица од шест земји од регионот: Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Примарните наоди од нашата студија покажуваат дека граѓаните од Западен Балкан имаат ниско ниво на доверба во нивниот здравствен систем“, се вели во заклучоците на истражувањето.

Како што се наведува, и покрај нејзините ограничувања, оваа студија е прво вкрстено истражување за „интерфејсот на доверба“ меѓу граѓаните на Западен Балкан, што открива дека тие имаат мала доверба во нивните здравствени системи.

„На лекарите кои работат во приватни здравствени установи, од друга страна, им се укажува повисоко ниво на доверба во споредба со оние кои работат во јавните здравствени установи“, покажуваат резултатите од истражувањето.Половина од испитаниците во анкетата одговориле дека попрво би избрале приватни здравствени институции наместо јавни, доколку би имале потреба тие или нивните членови на семејството да посетат здравствена установа.Се наведува дека 65 отсто од испитаниците во истражувањето се жени, додека 27 отсто од нив се на возраст меѓу 31 и 40 години. Повеќе од половина од испитаниците се со универзитетско образование, а мнозинството се во брак со економски статус еквивалентен на средната класа.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us