КУЛТУРА
6 мин читање
Трибина во Скопје: „Лекција од Сребреница: Од говор на омраза до геноцид“
„Мораме да работиме поактивно и континуирано, не само во месец јули, да ја бараме правдата и да ја браниме вистината. Ние никогаш нема да дозволиме негирањето и негаторите на геноцидот ќе бидат главниот синоним за Сребреница.“
Трибина во Скопје: „Лекција од Сребреница: Од говор на омраза до геноцид“
Трибина во Скопје: „Лекција од Сребреница: Од говор на омраза до геноцид“ / TRT Balkan
3 јули 2025

Никогаш нема да дозволиме негирањето и негаторите на геноцидот да бидат главниот синоним за Сребреница. Ова е една од главните пораки од вчерашната дискусија „Лекција од Сребреница: Од говор на омраза до геноцид“, која се одржа во Инокс - Иновативен цетар на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, а по повод одбележувањето на 30-годишнина од геноцидот во Сребреница.

Ова е само еден од низата настани со културно-информативен и едукативен карактер со кои група невладини бошњачки организации во земјава ги организираат со цел достоинствено, видливо и впечатливо да биде одбележана 30-годишнина од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, Босна и Херцеговина.

Мерсиха Смаиловиќ, правник и долгогодишна активистка за човекови права, инаку дел од иницијативата на невладините организации за организирање настани за сеќавање на геноцидот во Сребреница, во воведот на дебатата потсети на зборовите на академик Ферид Мухиќ, истакнувајќи ја фразата дека геноцидот во Сребреница „не се случи“, туку системски и организираше се подготвуваше и спроведуваше.

„Сребреница „не се случи“, таа се подготвуваше, не беше само еден ден, туку контирунирано се подготвуваше со дехуманизација, со градење негативен наратив кон Бошњаците, а сега дојдовме до фазата на негација. Затоа треба да бараме од властите секој говор на омраза да биде санкциониран. Ќе бараме јавна дебата и ќе бараме да бидеме повеќе вклучени во ова. Резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации која Македонија ја усвои и беше коспонзор бара Сребреница да биде во образовниот курикулум, децата да учат, како што учат за холокаустот, така да се учи и за Сребреница“, нагласи Смаиловиќ.

Таа појасни дека организираната трибина е намената за младите луѓе, студентите и граѓаните, кои, како што рече, се соочени со медиумскиот притисок на дезинформации, лажни наративи, негирањето на геноцидот во Сребреница, како и сето она што доаѓа кога е во прашање Сребреница и месецот јули.

„Мораме да бидеме контунирано свесни, мораме да ги следиме сите тие дезинформации, мораме да бидеме информрани. Без оглед што ние ја знаеме вистината за Сребреница, не значи дека луѓето околу нас тоа го знаат. Не смееме да ги осудуваме бидејќи не се виновни тие, затоа што тој неселективен пристап на тие информации укажува дека од 500 наслови, најмалку 490 се однесуваат на негирањето на геноцидот. Мораме да работиме поактивно и континуирано, не само во месец јули, да ја бараме правдата и да ја браниме вистината. Ние никогаш нема да дозволиме негирањето и негаторите на геноцидот ќе бидат главниот синоним за Сребреница“, заклучи Смаиловиќ.

Поврзаноста помеѓу дезинформациите и говорот на омраза

Деспина Ковачевска, специјалистка за мониторинг на медиумите рече дека дезинформациите и говорот на омраза се многу поврзани.

„Денеска со интернетот, со социјалните мрежи, буквално било кој може да пишува било што сака. Во САД веќе ја тргнаа проверката на факти во име на слобода на говор, кај нас на Западен Балкан се уште постои и во Европа го има Законот за дигитални медиуми каде што ова е недозволиво и казнето. Ние во земјава и регионот заостануваме и уште немаме имплементација“, истакна Ковачевска.

Таа наведе неколку примери во пракса за негирањето на геноцидот во Сребреница од бројни јавни личности, политичари, но и обични луѓе, кои се активни на социјалните мрежи и кои шират дезинформации и говор на омраза, потенцирајќи дека тој феномен има негативен ефект врз општеството и дека му штети на јавниот интерес.

„Негатицијата е последна фаза од геноцидот и таа обезбедува злосторството да продолжи. Ако ние не го признавме злосторството, ако не сме се соочиле со тоа што се случило, не можеме да се помириме, да се покаеме и тоа е голем проблем кој не знам како ќе го решиме. Медиумите како такви не се доволни, потребно е да се научат децата во училиштата да препознаат говор на омраза, бидејќи омразата доаѓа од незнаење и од страв“, смета Ковачевска.

Интелектуално силна заедница е отпорна на негативни појави

Емир Хасасновиќ, експерт за комуникации и превенирање кризи, во своето излагање нагласи дека негирањето на геноцидот е крајната фаза од геноцидот која трае, но дека Бошњаците треба да изградат заедница која ќе ја сочинува силен интелектуален столб, силно образование, чија вредност ќе биде препознаена од останатите општествени чинители. Тој појасни дека само заедница со силни интелектуални предводници ќе изнајде начин и механизми да превенира негативни појави, заклучувајќи дека „превенцијата на геноцидот не може да се случи кога тенковите ќе дојдат пред вратите на домовите на луѓето. Тоа се прави во поранешните фази.“

„Сребреница е една огромна поука, ако сакате да ги испочитувате жртвите е да станете вистински жител на 21 век, првин, да ја почитувате својата татковина која денес е Македонија за сите нас и да разговарате со своите сограѓани, но не само за нашите трагедии. Ние не сме народ на трагедијата. Нашиот фолклор се вика севдах. Како може еден народ кој својот фолктор го нарекува севдах да биде народ на трагедијата? Не. Ние не сме народ на трагедијата, ние сме многу повеќе од тоа“, посочи Хасановиќ.

Пред одржувањето на дебатата во Инокс Иновативен центар беше прикажан краток документарен филм за Сребреница подготвен од Меморијалниот центар во Поточари, Сребреница.

Македонското собрание во февруари 2010 година усвои Декларација за поддршка на Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница. Резолуцијата беше усвоена во Ервропскиот парламент на 15 јануари 2009 година.

Геноцид во Сребреница

Пред 30 години, во јули 1995 година единиците на тогашната Војска на Република Српска под команда на хашкиот осуденик Ратко Младиќ извршија геноцид врз Бошњаците во Сребреница, при што ја нападнаа „заштитената енклава на ОН“ во Сребреница.

Хашкиот трибунал, Судот на Босна и Херцеговина и правосудствата во Србија и Хрватска до сега осудија вкупно 54 лица на 781 година затвор и пет доживотни казни затвор – за геноцид, злосторства против човечноста и други злосторства извршени во Сребреница во јули 1995 година.

Во геноцидот се убиени 8.372 лица, а десетици илјади жени, деца и стари лица беа депортирани или беа принудени да побараат спас во околните шуми.

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари до сега се закопани 6.751 жртва од геноцидот, додека околу 250 жртви се закопани во месните мезари (гробишта) по одлука на преживеаните членови на семејствата.

Жртвите потекнуваат од  различни општини, а најголем број од нив се од подрачјето на Сребреница, Братунац, Власеница, Зворник и Милиќи.

Жртвите од геноцидот пронајдени се на 150 различни локалитети, од кои 77 се масовни гробници. Најмлада жртва до сега закопана во Поточари е новороденче, Фатима Мухиќ, а најстара Шаха Измирлиќ родена во 1901 година.

За повеќе од илјада жртви од геноцидот сè уште се трага.




ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us