СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
УЕФА воведува усовршена технологија за одредување офсајд
Новата технологија ќе решава спорни офсајд ситуации со брзина и точност незамислива пред помалку од деценија. SAOT системот ќе биде премиерно користен во финалето на европскиот Суперкуп на 10 август меѓу Реал Мадрид и Ајтрахт Франкфурт во Хелсинки.
УЕФА воведува усовршена технологија за одредување офсајд
УЕФА воведува усовршена технологија за одредување офсајд     Фото: АА (Архива) / AA
4 август 2022

Европската фудбалска федерација (УЕФА) најави воведување на полуавтоматска технологија за одредување офсајд, односно недозволена позиција , која ќе биде претставена во Суперкупот и ќе се користи во Лигата на шампионите во текот на сезона 2022/2023.

„УЕФА е во постојана потрага по нови технолошки решенија за да се унапреди играта и да се помогне во работата на судиите. Овој иновативен систем ќе им овозможи на ВАР тимовите побрзо да донесуваат одлуки поврзани со офсајд со што ќе се сочува текот на играта“, рече шефот на судиите при УЕФА Роберто Росети.

Технологијата ќе може да ги реши спорните офсајд ситуации со брзина и точност незамислива пред помалку од десет години. Со користењето на камерите поставени околу терените, кои можат да следат 29 различни точки на телото на играчите и чип во топката за натпревар технологијата SAOT ќе помогне во донесување на одлуките и ќе го намали времето потребно за проверка.

Сензорот внатре во топката испраќа податоци 500 пати во секунда, овозможувајќи прецизно откривање на точката на ударот за одлуките за офсајд.

Новиот систем би требало да го скрати просечното време потребно за донесување одлука за офсајд од 70 на 25 секунди. Стариот ВАР систем бараше рачно цртање на офсајд линиите и пресметување на ударната точка. УЕФА откри дека SAOT технологијата е тестирана 188 пати.

„Системот е спремен за користење на официјалните натпревари и имплементиран е на секое место на Лигата на шампионите“, додаде Росети.

SAOT системот ќе има премиера во финалето на европскиот Суперкуп на 10 август помеѓу Реал Мадрид и Ајтрахт Франкфурт во Хелсинки.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) кон почетокот на јули најави дека SAOT ќе се користи и на овогодишното Светско првенство во Катар.

„Свесни сме дека понекогаш должината на проверувањето или прегледувањето е предолго, посебно во поглед на офсајдот“, рече тогаш Пјерлуиџи Колина, претседателот на одборот на судии на ФИФА.

ИЗВОР:HINA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us