РЕГИОН
1 мин читање
Во Скопје се одржува Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ
На самитот, чиј домаќин е македонскиот премиер Христијан Мицкоски, присуствуваат комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, лидерите од Западен Балкан, министри, високи претставници на ЕУ и регионални и мегународни организации.
Во Скопје се одржува Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ
Во Скопје се одржува Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ / AA
пред 20 часа

Во Скопје започна Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија (ЕУ), посветен на Планот за раст што е можност за евалуација на постигнатиот напредок и наредните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

На самитот, чиј домаќин е македонскиот премиер Христијан Мицкоски, присуствуваат комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, лидерите од Западен Балкан, министри, високи претставници на ЕУ и регионални и мегународни организации.

Во рамките на самитот ќе се одржат два панела. Првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан, а вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршката за спроведување на Планот за раст.

По првиот панел Кос и Мицкоски ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај Мицкоски и Кос, на самитот присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо, српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ и вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us