РЕГИОН
2 мин читање
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
Како што информира владината прес-служба, согласно претходно направената анализа е утврдено дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје нуди идеална локација за сите аспекти
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк / TRT Balkan
16 јули 2025

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја усвои Информација за отпочнување активности за основање Мултифункционален научно-технолошки парк, чија цел е поттикнување постојан раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари.

Како што информира владината прес-служба, согласно претходно направената анализа е утврдено дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје нуди идеална локација за сите аспекти – интеграција со академската средина, од аспект на трансфер и комерцијализација на знаењето, инфраструктурна пристапност и поврзување (патна инфраструктура автобуски и железнички линии, автопат и аеродром), како и поголема можност за привлекување компании, инвеститори и стартапи создавајќи центар за вмрежување и регионален развој.

Предвидено е паркот да се состои од зграда или комплекс згради со современа електрична и телекомуникациска инфраструктура, како и со ефективен и флексибилен работен простор.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт, ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување со реализација на неколку улици во Општина Гевгелија. Тоа се: реконструкција на главна улица во село Моин, реконструкција на улица „Атанас Ѓуров“ во село Прдејци и реконструкција на улица „Иван Марков Братот“ Богородица, како и проектот: Изградба на водоснабдителен систем во село Љубанци и село Љуботен во Општина Бутел.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us