РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски во Италија: За нас членството во ЕУ е генерациска инвестиција
Искрено верувам дека за нас и за регионот тоа е единствен одржлив пат што може да гарантира мир, просперитет и демократски напредок, истакнал Муцунскина министерската конференција по повод одбележувањето на 70-годишнината од Конференцијата во Месина
Муцунски во Италија: За нас членството во ЕУ е генерациска инвестиција
Усвоена е и декларација со која се потврдува стратегиската важност на проширувањето на Унијата како инструмент за стабилност / Others
19 јуни 2025

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, учествуваше на министерската конференција по повод одбележувањето на 70-годишнината од Конференцијата во Месина, која се одржа во Таормина, Италија.

Муцунски, како што соопшти Министерството, имал обраќање на конференцијата на која беше поканет од италијанскиот колега Антонио Тајани.

Конференцијата ги обедини министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство.

Во своето обраќање министерот Муцунски нагласил дека процесот на интеграција на земјата во ЕУ претставува генерациска заложба и сеопфатен потфат за општествена трансформација и демократски и социоекономски напредок.

„За нас, членството во ЕУ е генерациска инвестиција – наш најамбициозен проект на трансформација, преку кој нашата демократија созрева, економијата расте, а општеството станува поправедно и поотпорно. Улогата на европската интеграција отсекогаш била клучна – двигател на промените и засилена соработка меѓу нас и со нашите европски соседи. Искрено верувам дека за нас и за регионот тоа е единствен одржлив пат што може да гарантира мир, просперитет и демократски напредок“, истакнал Муцунски.

Тој ја реафирмирал цврстата посветеност на земјата кон забрзување на евроинтегративниот процес:

„Европската ориентација и вредностите на нашето општество се јасни и покрај многубројните предизвици и неправди во текот на нашето децениско патување. Она што сега го очекуваме е предвидлив процес на пристапување – патека што ќе ни овозможи да ја постигнеме целта врз основа на јасни критериуми и заслуги, а не на билатерализација и идентитетски отстапки“, додаде тој.

Муцунски во своето обраќање ја потенцирал и важноста од поголема предвидливост и динамика во интеграцијата на Северна Македонија и земјите од регионот во ЕУ, укажувајќи на потребата од уште поголема одлучност и единство на европско ниво во актуелниот геополитички контекст.

Во рамките на дводневната конференција усвоена е и заедничка декларација со која се потврдува стратегиската важност на проширувањето на Унијата како инструмент за стабилност, раст и соработка на континентот и во неговото соседство.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us