СПОРТ
1 мин читање
Челзи прв финалист на Светското клупско првенство
Двата гола за Челзи ги постигна поранешниот играч на Флуминензе Жоао Педро
Челзи прв финалист на Светското клупско првенство
Челзи во финалето ќе игра против победникот од натпреварот Реал Мадрид - ПСЖ / AP
9 јули 2025

Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Светското клупско првенство, откако го победија бразилскиот тим Флуминензе со 2:0 во првото полуфинале на натпреварувањето.

Натпреварот се одигра на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, а двата гола за Челзи ги постигна новодојдениот Жоао Педро, поранешен играч на Флуминензе.

Бразилецот во 18. минута со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот го погоди спротивниот агол од противничкиот гол за водство на Англичаните. Во 56. минута Педро ѝ избега на противничката одбрана, влета во шеснаесетникот, а потоа со силен удар од околу 10 метри погоди прецизно под пречката.

Челзи ќе игра против подобриот во натпреварот меѓу двата последни европски шампиони, Реал Мадрид - ПСЖ, кој се игра во недела, а финалето е закажано за среда 16 јули.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us