РЕГИОН
2 мин читање
Со буџетски средства ќе се финансира спомен обележје за настраданите во пожарот во Кочани
Средства во износ од 2.000.000 денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани треба да се одбезбедат со Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските к
Со буџетски средства ќе се финансира спомен обележје за настраданите во пожарот во Кочани
Со буџетски средства ќе се финансира спомен обележје за настраданите во пожарот во Кочани / Reuters
19 јуни 2025

Средства  во износ од 2.000.000 денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани треба да се одбезбедат со Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, што вчера доби поддршка од матичната собраниска комисија.  Со предложената прераспределба на буџетски средства ќе се обезбедат и  600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, како и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси.  

Предлог-одлуката без расправа доби поддршка во собраниската Комисија за финансирање и буџет,  чии членови на предлог на пратеникот Миле Лефков поддржаа и амандман со неа да се опфатат и средства за спомен обележјето. 

Лефков во образложение на амандманот рече дека одлуката е во координација со семејствата на настраданите во пожарот од 16 март годинава во кој загинаа 62 лица, а околу 200 се повредени,  а произлегува, како што рече, од нивната и нашата заедничка желба барем дел од болката да преточиме во достоинствено сеќавање, а трагедијата никогаш да не се повтори.

„Сакаме да оддаме почит, но и да оставиме траен белег што ќе повикува на одговорност и безбедност на идните генерации. Барањето е овој споменик да биде поставен во централното градско подрачје, таму каде што ќе биде видлив како жив спомен, но и како предупредување. Ова не е момент  за политика, ве замолувам сите за поддршка, ова е момент за заедништво, почит и сеќавање“, рече Лефков. 

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски во образложение на Предлог-одлуката соопшти дека со неа се врши реалокација на  средства во износ од околу 600 милиони денари  наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства.

„Поддршката на локалниот развој преку проекти во општините ќе има позитивно влијание врз економската активност, развојот во општините и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните“, рече Јанкуловски.

Тој соопшти дека со Предлог-долуката се реалоцираат 242,64 милиони денари од Министерството за економија и труд во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ќе се искористат за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси. 

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us