РЕГИОН
3 мин читање
Божиновска: Порзување со регионот е новата сила на македонската енергетика
Според МЕРМС, изградбата на 400/110 kV врската Охрид – Елбасан, ќе го заокружи електроенергетското поврзување на земјава со сите соседни држави – стратегиски проект за цел регион.
Божиновска: Порзување со регионот е новата сила на македонската енергетика
Божиновска: Порзување со регионот е новата сила на македонската енергетика / TRT Balkan
пред ден

„Македонија влегува во клучна фаза на трансформација на енергетскиот систем: земјата не само што вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената мрежа, туку стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција. Со новите интерконектори, стратешките трансформаторски станици и инвестициите во паметна енергетска инфраструктура, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски коридор“, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Според најавеното, во следните денови официјално започнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција – капитален проект кој носи двоен бенефит: сигурност на снабдувањето и можност за транзит кон трети земји. Интерконекторот е долг 68 километри, ќе пренесува не само природен гас, туку и водород, остварена e заштеда од 12 милиони евра и ќе биде изграден од македонска компанија – директна корист за домашната економија.

„Во меѓувреме, Македонија и Србија направија значаен исчекор кон ново енергетско поврзување – минатата недела се потпиша Меморандум за соработка меѓу НОМАГАС и Србијагас за изградба на интерконектор меѓу Клечовце и Врање, со вкупна должина од 70 километри, од кои 23 километри ќе бидат на македонска територија. Во рамки на проектот ќе се изградат и мерни станици од двете страни на границата. Студиите за изводливост и за влијание врз животната средина се веќе во тек, со поддршка од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF)“, се вели во соопштението на МЕРМС.

Оттаму додаваат дека „преку овие две стратешки поврзувања, Македонија се позиционира како нова транзитна точка за природен гас на релација Југ – Север, односно од ТАП гасоводот и ЛНГ терминалот во Александруполис кон Србија и Средна Европа, со капацитет до 3 милијарди нормални метри кубни годишно. Ова е директна поддршка на енергетската диверзификација на целиот регион, со зголемена употреба на гас од различни извори.“

Според соопштението, изградбата на 400/110 kV врската Охрид – Елбасан, пак, ќе го заокружи електроенергетското поврзување на земјава со сите соседни држави – стратегиски проект за цел регион.

Како што се истакнува, во само една година, поставени се темелите за држава која од нето-увозник ќе стане нето-извозник на електрична енергија. Се гради независен и модерен систем кој не зависи од една рута, еден снабдувач или еден енергетски извор.

„Ова е новата сила на македонската енергетика. Со регионалните интерконектори, Македонија веќе не е само краен потрошувач – станува активен учесник во преносот и стабилноста на енергетиката во Југоисточна Европа. Ова е патот кон сигурна енергија, економска отпорност и стратешка позиција на енергетската карта на Балканот. Македонија ја гради новата енергетска мапа на Балканот“, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Планови за когенеративни енергетски капацитети – ефикасност, локално производство и нова енергија за градовите

Како што се наведува, во фокусот на енергетската транзиција е и изградбата на нови когенеративни централи – капацитети кои истовремено произведуваат електрична и топлинска енергија, со висока ефикасност и значително пониска емисија на штетни гасови.

„Министерството за енергетика веќе работи на планови за развој на вакви постројки во неколку урбани центри, со цел обезбедување локално и сигурно снабдување, особено во системите за централно греење.“

Когенеративните постројки се планираат како современи, еколошки објекти што ќе ги заменат старите и неефикасни капацитети, а воедно ќе ја зголемат стабилноста на националниот систем. Овие централи се предвидени да работат со флексибилно гориво – со можност за премин кон биогорива или водород во следната фаза од транзицијата.

„Преку овие инвестиции, земјава ќе добие поконкурентен модел на производство, ќе ги намали загубите во системот и ќе овозможи подобар квалитет на живот за граѓаните, особено во урбаните средини со висок енергетски конзум. Се работи за уште еден чекор кон модерен, одржлив и децентрализиран енергетски систем“, се наведува во соопштението од МЕРМС.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us