ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Најмалку 15 Палестинци загинаа во израелските напади на Газа
Во израелските напади се убиени пет лица во населбата Ал-Сафтави во северниот дел на градот Газа
Најмалку 15 Палестинци загинаа во израелските напади на Газа
Најмалку 15 Палестинци загинаа во израелските напади на Газа / AA
14 јули 2025

Најмалку 15 цивили се убиени, а повеќемина повредени во израелските напади низ Појасот Газа од утринава, според медицински извори, јавува Анадолу.

Во израелските напади се убиени пет лица во населбата Ал-Сафтави во северниот дел на градот Газа.

Шест други беа убиени, а десетици повредени во неколку израелски напади врз населбите Тел ал-Хава, Ал-Туфа и Шуџаја во истиот град.

Во централниот дел на енклавата, израелската Армија гаѓаше возило кое се користело за дистрибуција на вода во бегалскиот камп Нусејрат, при што е убиено едно лице, а други беа повредени.

Израелските беспилотни летала убија еден Палестинец, а повредија други во шатор во кој се засолнувале раселените Палестинци во областа Ал-Маваси во Кан Јунис.

Двајца други се убиени во израелски оган додека чекале помош на американско-израелски центар за дистрибуција на помош во западна Рафа, во јужниот Појас Газа.

Отфрлајќи ги повиците за прекин на огнот, израелската армија продолжи со бруталната офанзива врз Газа што ја започна на 7 октомври 2023 година, во којашто досега се убиени речиси 58.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд, минатиот ноември, издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите воени дејства против енклавата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us