СПОРТ
2 мин читање
Модриќ и официјално е нов фудбалер на Милан
Не се познати финансиски детали од договорот, кој е со можност за продолжување за уште една сезона, а Модриќ во Милан ќе го носи дресот со број 14 , кој последен пат го носеше во Тотенхем
Модриќ и официјално е нов фудбалер на Милан
Модриќ доаѓа во Милан како слободен агент откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со Реал Мадрид (Фото: ФК Милан Фејсбук) / Others
14 јули 2025

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ потпиша едногодишен договор со Милан до летото 2026 година, со можност за продолжување за уште една сезона.

Финансиски детали од дроговорот не се познати.

Модриќ ќе го носи дресот со број 14 во Милан, а последен пат го носеше тој број во Тотенхем, за кого играше до летото 2012 година. За тимот од Лондон одигра 159 натпревари и постигна 17 голови.

Големиот трансфер во Реал Мадрид се случи во 2012 година.

Во текот на 13 сезони во дресот на Кралскиот клуб, Модриќ одигра 597 натпревари и постигна 43 голови, станувајќи најодликуваниот играч во историјата на Реал: шест титули во Лигата на шампионите, пет Светски првенства за клубови, еден Интерконтинентален куп, пет Европски Суперкупа, четири титули во шпанското првенство, два Купа на кралеви и пет Шпански Суперкупа.

Лука учествуваше како капитен на Реал Мадрид на Светското клупско првенство во САД минатата недела, каде што неговиот тим беше елиминиран во полуфиналето со резултат 0-4 од францускиот ПСЖ. Тој доаѓа во Милан како слободен агент откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со Реал Мадрид.

Претставувајќи ја Хрватска во 2018 година, освои сребро на Светското првенство во Русија, а четири години подоцна, бронза на Светското првенство во Катар. Модриќ ја освои и „Златната топка“ во 2018 година.

По потпишувањето на договорот, тој ќе замине на одмор, а на 4 август ќе се приклучи на новиот тим под водство на тренерот Масимилијано Алегри на подготовки.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us