СВЕТ
2 мин читање
Европскиот парламент го поддржа правото на бесплатен рачен багаж до 7 килограми
На оваа промена силно се спротивставуваат лоби групите на авиокомпаниите, кои предупредуваат дека регулативата може да изврши притисок врз превозниците да ги зголемат цените на билетите, дури и за патниците со минимален багаж
Европскиот парламент го поддржа правото на бесплатен рачен багаж до 7 килограми
Новата норма предвидува дека димензиите на рачниот багаж не смеат да го надминат збирот од должина, ширина и висина од 100 сантиметри / Reuters
24 јуни 2025

Комитетот на Европскиот парламент за сообраќај и транспорт денес ја поддржа измената на законот за правата на патниците во воздушниот сообраќај, со која би се овозможило бесплатно носење рачен багаж до седум килограми, без дополнителни трошоци.

Ако се потврди во понатамошните преговори со земјите-членки на ЕУ, на патниците ќе им биде дозволено да понесат торба со тежина до седум килограми, заедно со уште еден помал личен предмет што може да се смести под седиштето, пишува Политико.

На оваа промена силно се спротивставуваат лоби групите на авиокомпаниите, кои предупредуваат дека регулативата може да изврши притисок врз превозниците да ги зголемат цените на билетите, дури и за патниците со минимален багаж.

„Европскиот парламент треба да им дозволи на патниците сами да одлучат какви услуги сакаат, за што се подготвени да платат, но и што не сакаат“, изјави Уранија Јоргуцака, генерален директор на лобито „Авиокомпанија за Европа“ (A4E), во изјава пред гласањето.

Пратениците потсетуваат дека новото право се базира на пресудата на Судот на правдата на Европската Унија од 2014 година, во која е утврдено дека рачниот багаж е „неопходен аспект“ на превозот на патници, под услов да ги исполнува „разумните барања“ во однос на тежината и димензиите.

Покрај ограничувањето од седум килограми, новата норма предвидува дека димензиите на рачниот багаж не смеат да го надминат збирот од должина, ширина и висина од 100 сантиметри.

Се предвидува дека тоа ќе има најголемо влијание врз нискобуџетните авиокомпании, кои во моментов наплаќаат само за носење поголема торба, додека помала може да се внесе бесплатно.

Покрај финансиските загуби, авиокомпаниите се загрижени дека дозволувањето на сите патници да носат рачен багаж до седум килограми може да предизвика проблеми со качувањето во авионот и дополнителни доцнења ако багажот не се вклопува во шкафчињата во кабината.

Стивен Бергер, виш правен советник на Европската организација за заштита на потрошувачите, го поздрави „недвосмислениот став за рачниот багаж“, оценувајќи дека тој го задоволува „фундаменталното барање на потрошувачите“ да можат бесплатно да земат личен предмет и рачен багаж.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us