2 мај 2025
Членови на повеќе од 20 невладини организации вчера на Плоштадот на слободата во Вашингтон протестираа против американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.
Протестот се одржа на 1 мај по повод Меѓународниот ден на трудот, кога низ цел свет се организираат собири за работнички права и социјална правда.
Протестот беше еден од многуте низ САД, каде што учесниците бараа поголеми права за имигрантите и подобри услови за работа.
Демонстрантите носеа транспаренти и знамиња, изразувајќи несогласување со политиките на Трамп и неговото влијание врз американското општество.
Дел од учесниците држеа говори во кои упатија критики.