ПОЛИТИКА
3 мин читање
Трамп ѝ се закани на Русија со 100 проценти царини ако нема мир во Украина за 50 дена
Кога беше прашан дали ќе бидат воведени тарифи од 500 проценти за Русија, тој рече дека бројот не е важен по одредена точка и дека тарифите од 100 проценти „ќе ја исполнат целта“
Трамп ѝ се закани на Русија со 100 проценти царини ако нема мир во Украина за 50 дена
Мислев дека ќе имаме договор пред два месеци, но тоа очигледно не се случува, рече Трамп / Reuters
14 јули 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник се закани дека ќе воведе 100 проценти секундарни царини за Русија ако не се постигне договор за прекин на војната во Украина во следните 50 дена.

Зборувајќи за време на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Овалната соба, Трамп рече дека е „многу незадоволен“ од Русија и разочаран од претседателот Владимир Путин.

„Ќе воведеме многу строги тарифи ако не постигнеме договор во рок од 50 дена. Тарифите од околу 100 проценти би се нарекле секундарни тарифи“, рече Трамп, наведувајќи дека тарифите ќе бидат воведени без согласност на Претставничкиот дом или Сенатот.

Секундарните тарифи подразбираат дека санкциите би важеле и за други земји, односно за земји што купуваат руска нафта.

Кога беше прашан дали ќе бидат воведени тарифи од 500 проценти за Русија, тој рече дека бројот не е важен по одредена точка и дека тарифите од 100 проценти „ќе ја исполнат целта“.

Трамп рече дека Москва мора да ја врати руската економија на вистинскиот пат, како и дека Русија има „огромен потенцијал“ и дека треба да ги користи своите ресурси за трговија, а не за војна.

Зборувајќи за Путин, Трамп рече дека „многу разговара со него“ и дека овие разговори се многу пријатни, но дека разговорот „не значи ништо“ кога ракетите погодуваат градови.

Американскиот претседател рече дека чувствува дека имал договор со Русија за војната во Украина „околу четири пати“.

„Мислев дека требаше долго време за да се постигне договор, но тоа само продолжува и продолжува“, рече Трамп.

Кога беше прашан колку далеку е подготвен да оди како одговор доколку рускиот претседател Владимир Путин ги ескалира нападите, Трамп им рече на новинарите дa не му поставуваат такви прашања“.

Нарекувајќи ја војната во Украина, која трае од февруари 2022 година, „војната на Бајден“, Трамп додаде: „Би сакал да заврши. Тоа не беше моја војна... Се обидувам да ве извлечам од неа. На крајот на краиштата, силна Европа е многу добра работа“.

Тој, исто така, објави дека САД ќе испорачаат оружје вредно милијарди долари на Украина преку НАТО, но дека трошоците ќе ги сносат целосно европските сојузници.

Трамп, на заедничка прес-конференција во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, потврди договор со членките на НАТО, главно од Европа, за испорака на „врвно“ оружје што ќе ѝ помогне на Украина, вклучувајќи ги и ракетните системи „Патриот“, за кои рече дека ќе бидат испратени во таа земја „во рок од неколку дена“.

Тој појасни дека земјите-членки на ЕУ и НАТО ќе ги испратат своите системи „Патриот“ во Украина, а дека САД ќе испратат замена во тие земји.

„Денес постигнавме договор... Ќе им испратиме оружје кое тие ќе платат. САД не плаќаат ништо. Ние го произведуваме, а тие го финансираат“, рече Трамп.

Руте го потврди договорот: „САД одлучија масовно да ја снабдуваат Украина со сè што ѝ е потребно преку НАТО. Европејците целосно го финансираат“.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us