СПОРТ
1 мин читање
ПСЖ го декласираше Реал Мадрид и избори финале на Светското клупско првенство
Европскиот шампион доминираше од самиот почеток па Руиз веќе во 6. минута ја затресе мрежата, три минути подоцна гол постигна и Дембеле, па пак Руиз беше прецизен во 24. минута, а натпреварот го реши Рамос во 87. минута
ПСЖ го декласираше Реал Мадрид и избори финале на Светското клупско првенство
Натпреваруварот го одбележа и прошталниот настап на хрватскиот интернационалец Лука Модриќ (39) во дресот на мадридскиот клуб / AA
10 јули 2025

Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во финалето на Светското клупско првенство откако убедливо го победија Реал Мадрид со 4:0 во среда навечер, на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Еден ден претходно, Челзи го победи бразилскиот Флуминенсе со 2:0, па Челзи и актуелниот освојувач на Лигата на шампионите ПСЖ ќе го играат финалето во недела во 21 часот по средноевропско време.

Францускиот шампион доминираше од самиот почеток на натпреварот кој практично го реши за 20-ина минути.

Фабијан Руиз веќе во 6. минута ја затресе мрежата, а само три минути подоцна, гол постигна и Усман Дембеле. Руиз повторно беше прецизен во 24. минута, додека Гонсалo Рамос ги постигна конечните 4:0 во 87. минута.

Натпреваруварот го одбележа и прошталниот настап на хрватскиот интернационалец Лука Модриќ (39) во дресот на мадридскиот клуб, кој го носеше од 2012 година и со освоени 28 титули е играчот со најмногу трофеи во долгата и богата историја на овој светски фудбалски гигант.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us