Најмалку 21 Палестинец се убиени денес чекајќи да добијат хуманитарна помош близу американскиот дистрибутивен пункт во јужна Газа, од кои многумина се задушија од солзавецот испукан од израелските сили, соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението на Министерството се наведува дека меѓу жртвите има 15 лица кои се задушиле од солзавецот фрлен од израелската Армија во градот Кан Јунис.
„За прв пат се регистрирани смртни случаи од задушување и интензивно стампедо на граѓаните во центрите за дистрибуција на хуманитарна помош“, се додава во соопштението.
Британскиот премиер Кир Стармер во средата изјави дека е „згрозен“ од извештаите за растечкиот број цивили убиени во Газа додека се обидуваат да добијат помош, повикувајќи на целосна и транспарентна истрага за секој инцидент и одговорност таму каде што имало неуспеси.
Најмалку десет Палестинци биле убиени, меѓу кои и деца, во израелските напади врз Појасот Газа во среда, објави палестинската новинска агенција Вафа.