Италијанскaта премиерка Џорџа Малони изјави дека е против идејата за создавање европски одбранбен сојуз што би функционирал паралелно со НАТО.
„Сакам НАТО да има европски столб, но мислам дека би било грешка да се има европска одбрана паралелно со НАТО, тоа би било непотребно дуплирање“, рече Мелони, пренесува Анса.
Таа нагласи дека Алијансата се темели на воените капацитети на нејзините земји-членки.
„Треба повеќе да соработуваме на европско ниво и се согласувам со тоа“, додаде Мелони.
Според неа, би било погрешно растечката нестабилност на меѓународната сцена да се припише на одлуките на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Не се согласувам дека хаосот го создаде Трамп. Точно е дека постои ситуација на растечки хаос, но тој не започна денес“, рече Мелони.
Како што оцени таа, обвинувањето на американскиот претседател за таа ситуација би било „прекумерно поедноставување“.
Мелони претходно денес изјави дека ако земјата троши повеќе за одбрана за да ги исполни своите меѓународни обврски, дополнителните трошоци треба да им користат на италијанските, а не на странските компании.
Таа вчера изјави дека Италија ќе се придржува до новата цел на НАТО за трошење пет проценти од бруто домашниот производ за одбрана и безбедност.